Search for content, post, videos

Стариот трик од Јапонија и Кина: плакнење на косата со оризова вода

Ако сакате на косата да ѝ подарите нов сјај и да ја направите поцврста, испробајте го овој трик. Жените во Кина и Јапонија со векови ја користат водата во која се варел ориз. Оризовата вода лесно се добива, особено ако го варите оризот во вреќичка, а ако го варите на класичен начин, тогаш додајте малку повеќе вода и на крајот процедете го оризот, а водата сочувајте ја.

Жените од селото Хуанглуо во Кина, кое влезе во Гинисовата книга на рекорди како село со жени што имаат најдолга коса во светот, верувале дека водата што ќе остане од варењето на оризот е заслужна за убавината на нивната коса: ја зацврстува, ја прави посјајна и потемна.

Откако ќе ја подготвите оризовата вода, измијте ја косата со шампон како и вообичаено. Потоа полијте ја со млака или студена оризова вода, измасирајте го темето и оставете да стои 3 минути. Потоа исплакнете со чиста вода и оставете да се исуши.

За што уште можете да ја користите оризовата вода?

– за опуштање и блескава кожа додајте ја во купката

– доколку имате проблем со проширени пори, користете ја како тоник

– за мека и чиста кожа, можете да ја користите наместо лосион (наутро и навечер)

Откако ќе ја сварите оризовата вода оставете ја да остине, а потоа соберете ја во стаклено шише. Чувајте ја во фрижидер најмногу 7 дена, а потоа сварете си нова.