Search for content, post, videos

Вистини и заблуди до вистинската убавина… на косата

Косата е гордост за повеќето жени… скоро секоја би сакала да има густа, блескава, здрава коса. И бидејќи токму косата е една од најважните мали нешта во нашто секојдневие, нормално е за неа многу да се зборува и советува.
Многу совети, и по некоја заблуда.
Но, многуте совети понекогаш значат и доста заблуди. А едно од нив е и она за секојдневното миење на косата, поточно дека со нејзино често миење таа се уништува. Но секојпат кога ќе се сетите на оваа заблуда, сетете се и на тоа дека секој ден го чистите лицето, па со чистењето не го уништувате – а на косата паѓа иста толкава количина нечистотии како и на лицето, а кожата на главата излачува исто онолку нечистотии како и кожата на лицето. А освен тоа што кожата на лицето и главата ќе ви бидат чисти и без наслаги, истото може да доведе само до густа, појака и поздрава коса, а не до нејзино уништување.
Она што може да направи проблем е секојдневното фенирање или употребата на други жешки предмети на косата – тоа би можело премногу да ја исуши косата. Затоа најдобро е по миењето да ја оставите косата самата да се исуши, а фенот користете го најмногу еднаш на три дена – или, што помалку толку подобро.
Ова не значи дека задолжително треба да ја миете секој ден, но доколку имате потреба тоа да го правите нема да ја уништите освен ако не користите премногу агресивни производи (со дрги зборови, користете ги оние производи на кои пишува дека се благи и дека се за секојдневна употреба, поточно за често миење на косата). Ако косата ви е премногу сува и се плашите дека со секојдневното дополнително ќе ја исушите, користете шампон за сува коса, а по миењето на краевите нанесете регенератор кој не се измива, туку се остава на косата и со тоа и ја дава потребната влажност (овој регенератор се остава на косата, а не на кожата на главата).
Уште едно често уверување поврзано со косата е дека треба често да се менува марката на производот за нега на косата, така таа ќе стане поздрава. Честото менување на марката на производите нема влијание на квалитетот на косата, а може само да ве збуни и да не можете веќе да се сетите кој производ имал најдобро влијание врз вашата коса. Наместо тоа, подобро вниманието насочете го кон тоа кој тип на коса е вашата и според тоа одберете ги производите кои ќе ги користите, а кога еднаш ќе откриете дека некој производ направил “мало чудо” за вашата коса, држете се за него.