Search for content, post, videos

Убавината на темните тонови

Ако по нешто е специфична зимата, но и есента пред неа, тогаш тоа се обичните креации и темните тонови.
Многу жени едноставно не ги сакаат и прифатат, но колку и да се бориме против нив, нежната розова, пастелната зелена, морската сина… едноставно не се вклопуваат во секојдневниот зимски изглед.

 

 

Комбинирајте ги веќе постоечките парчиња облека и бидете креативна. Најпрво, темните дебели
непроѕирни хулахопки се нешто што ќе му дадат необичност на вашиот стил.
Интересно изгледаат кога ги комбинирате на фустан, здолниште, капри панталони.

 

 

 

 

За среќа, зимата е при крајот, па на оние кои никако не можат да се привикнат на зимскиот стил, полека ќе почне да им олеснува. Но, дотогаш, уживајте и во она што го нуди зимскиот стил…

 

 

 

 

 

 

Зимскиот изглед не значи – исклучиво панталони. Со дебели, перлон хулахопки во не толку студените денови можете да комбинирате интересни куси панталони до колениците, капри панталони или волнен фустан.

 

 

 

 

 

 

Повеќеслојното облекување во зимските денови ви дава можност за експериментирање. Подолг џемпер на раскопчување, или кусо плетено болеро убаво се комбинираат со интересна кошула или тенка блузичка.

 

 

 

 

 

 

Волнените фустан имаат свој посебен шарм и искомбинирани во спротивна боја со хулахопките и кошулата доколку ја носите под него делуваат навистина елегантно и несекојдневно.