Search for content, post, videos

 Велигденски леб – ролат

Подгответе го квасецот со шеќерот, вода и малку брашно, а во останатото брашно додајте сол, подготвениот квасец и остатокот од водата, па замесете тесто. Кога ќе го измесите убаво, покријте го и оставете го околу 30 минути на топло место да порасне. Уште еднаш премесете го, расукајте го и врз него распоредете ги сувиот врат, шунката и кашкавалот. Јајцата ставете ги едно зад друго на работ, па свиткајте го тестото како ролат. Лебот ставете го во претходно премачкан калап и оставете да расте околу 20 минути. Печете го околу еден час во загреана рерна на 180-200 степени. Лебот послужете го топол, со млад кромид и рен.

Тесто:
500гр пченкарно остро брашно, тип 400
1 свеж квасец
1 лажица шеќер
1 лажица сол
300-330мл топла вода

Фил:
100гр шунка
100гр сув врат
100гр кашкавал
4 варени јајца