Search for content, post, videos

Вие одбирате… вистинскиот избор во новогодишната ноќ

Како што наближува Новогодишната ноќ, така се зголемува и еуфоријата околу купувањето подароци за најблиските. Подарокот, секако, го одразува чувството кон саканото лице, покажува колку го познавате, какво мислење имате за него… Затоа обрнете особено внимание при одбирањето подарок. Се надеваме дека нашите предлози ќе ви помогнат да го направите вистинскиот избор.

 

ПОДАРОК ЗА НЕГО, од неа

Парфем

Можеби ви изгледа како клише, но, верувајте, со парфемот никогаш нема да згрешите кога новогодишниот подарок е во прашање, особено ако сакате да допрете до нечие срце. Во гамата парфеми, чии мириси остануваат засекогаш, се издвојува Acqua Di Parma, за кого велат дека е синоним на италијанската класика. За тоа придонесува убавата комбинација на цитруси, како и технологијата што се применува уште од 1916 година. Подарокот може да биде збогатен со гел за капење и емулзија за лице од колекцијата Colonia Intesa. Се продава само во специјализирани продавници, а бидејќи го нема постојано на лагер, задоволството ќе биде поголемо.

Часовник
Освен што го покажува времето, часовникот е симбол и на воздржаноста, смиреноста и на урамнотежениот карактер. Доколку часовникот е наменет за оние што не прават отстапка од стил

от, а престижот им е битен, со гаранција ќе ги погодите, особено ако станува збор за Chronotech, препознатлив по минералното и призматично стакло, по модерниот и необичен дизајн. Доколку преферираат совршен механизам, без недостатоци, тука се Seiko Ronda Citizen… Нивните ремени се изработени од исклучително квалитетна кожа, а челичните куќишта не предизвикуваат алергија на кожата.

 

Возачки ракавици
Бидете сигурна дека нема да погрешите ако за новогодишен подарок одберете и моден детаљ, без оглед на тоа за што станува збор. Возачките ракавици се идеални за оние кои уживаат во возењето. А згора на тоа се и во тренд. Без сомнение, тој ќе се радува на таквиот подарок, особено ако ракавиците се комбинација од темносива штавена кожа и светлосив кашмир. Такви се моделите на (Ser Paul Smith). Освен тоа, во зимски услови и топлат, поради влакното на кашмирските кози. Тие совршено се вклопуваат и во спортско-елегантниот стил на облекување. Помодарите кои истовремено се и љубители на возењето ќе се радуваат како деца.

Држач за пари
Мошне редок, сосема необичен и извонреден подарок. Го посакуваат повеќето мажи, кои посветуваат внимание и на најмалиот детаљ, што се перфекционисти во стилот, како и оние кои ги расфрлаат парите во џебовите. Впрочем, може ли некој да остане рамнодушен на држачот за пари на Montblanc, комбинација на полиран сребрест челик што не ‘рѓосува и црн карбон!? Готовите пари не може да ги замени ниедна платежна картичка зашто чувството е поинакво, особено кога се собрани на едно место. На мажот му даваат сигурност, особено во деновите околу Нова година кога знае дека може, и тоа во кеш, да купи подароци за најсаканите.

 

Автомобил-украс
Кога автомобилизмот е нечија страст тогаш нема потреба за размислување околу изборот на новогодишниот подарок. Одберете реплика на неговиот омилен или автомобилот од неговите соништа. Ви ја препорачуваме репликата на Mercedes Benz Tripoli W165, инспирирана од една дамнешна генерација на автомобилското минато. Внатрешноста е исполнета со стврдната смола, одозгора термички покриена со калај чиј сребрен сјај дава убава завршница. Можеби ќе се изненадите, но овој примерок е дело на бугарски занаетчии. Вакви автомобили-украси може да се нарачаат и кај нашите занаетчии што лијат месинг и сребро.