Search for content, post, videos

Вишна кисело-црвен мевлем за срце, зглобови и коски

Темноцрвената боја, слатко-киселиот вкус и својствата што ги поседува ја прават вишната едно од омилените овошја. Ако не свежа тогаш смрзната, или едноставно подготвена како компот, сок, во колачи… За нејзините исклучителни својства луѓето знаеле уште пред два и пол века, кога почнале да ја одгледуваат на просторите на денешна Турција и Грција. Денес најмногу се одгледува во Европа и во југозападна Азија.

    

  Благодети на вишните…
– Штитат од одредени видови рак. Антоцијаните и останатите пигменти, кои им ја даваат темноцрвената боја на вишните, со своето антиоксидансно дејство ги штитат клетките од мутации и го намалуваат ризикот од појава на малигни болести.
– Го намалуваат ризикот од инфаркт. Вишните ја спречуваат оксидацијата на штетниот ЛДЛ холестерол кој ги оштетува ѕидовите на крвните садови.
– Влијаат на намалување на ризикот од атеросклероза, обезбедуваат здрави крвни садови и штитат од мозочен удар.
– Мажите кои сакаат потомство треба често да јадат вишни. Антиоксидансите и витамините, особено витаминот Ц кој изобилува во вишните, го подобруваат квалитетот на спермата.
– За добар вид одберете вишна, бидејќи поволно делува на клетките на окото.
– Содржи кумарин кој помага да се намали склоноста на крвта кон згрутчување. Со тоа се намалува ризикот од тромбоза.
– Поради големиот процент на калиум, вишните го поттикнуваат исфрлувањето на течностите и влијаат на намалување на крвниот притисок. Луѓето што страдаат од хипертензија треба почесто да ги јадат.
– Вишните ги забавуваат воспалителните процеси во организмот и ги олеснуваат тегобите кај ревматските болести, особено кај ревматскиот артритис.
– Богати се со железо, па ако сте слабокрвна треба да ги додадете во исхраната. Им се препорачуваат на жените кои имаат обилна менструација и страдаат од анемија.
– Редовното конзумирање вишни го намалува ризикот од дијабетес. Луѓето што веќе имаат дијабетс треба да јадат ограничени количини вишни, бидејќи содржат многу шеќер, многу повеќе од црешите.

Вишата во чаша…

* Чај против грчеви и болки во мускулите – прелијте 1 килограм вишни со седим литри претходно зовриена па изладена вода (дестилирана вода). Варете 30 минути на тивко со повремено промешување. Откога ќе се свари, процедете, па течноста соберете ја во стаклени шишиња и пијте ја наместо вода. Ова лековито својство на вишните го потврдиле експертите од Веронтскиот универзитет во САД. Докажале дека оние што секојдневно конзумирале сок од вишни немале болки во мускулите иако напорно спортувале.
* Сок од вишни против несоница – друго истражување покажало дека сокот од вишни е многу делотворен кај несоницата. Една чаша сок од вишни навечер и наутро ќе ви помогне лесно да заспиете и убаво да сонувате. За ова е одговорна високата концентрација на мелатонин, хормон кој го регулира циклусот на спиење и будење, со кој изобилуваат вишните.

* Чаша сок наместо аспирин – според хранливите вредности вишните се вбројуваат во групата супер храна. Богатството од витамини и минерали се многу здрави за организмот, така што може да се конзумираат во неограничени количини. Лековити се и за кожата и нервниот систем. Може да го заменат и аспиринот. Една чаша сок од вишни е замена за една таблета аспирин.

* Чај од листови и плодови од вишна е корисен за исфрлување песок од мочните канали, го намалуваат целулитот, делуваат на импотенцијата. Листовите од вишна во комбинација со пиво се вистински еликсир за телото – во сад ставете една лажица суви листови од вишна и една лажица суви цветови од кантарион. Сето тоа прелијте го со три чаши топло пиво. Смесата варете ја 40 минути на тивок оган. Оставете да остине и процедете. Пијте по една лажичка од овој чај три пати дневно после јадење. Можете да го пиете два месеца, потоа направете пауза.

Благодарение на сите овие својства, препорачливо е да ја вклучите вишната во секојдневната исхрана, во свежа или замрзната состојба.

Силвана Јованчева