Search for content, post, videos

Вистинскатa дама…

Hе секоја жена е дама, а тоа најдобро го покажува нејзиното однесување во друштво, како и основното воспитување што го носи од дома. Веројатно и вие некогаш сте се нашле во ситуација да изреагирате несоодветно или да се запрашате зошто луѓето чудно ве загледуваат?!

Едноставно постојат работи кои ги издвојуваат вистинските дами од оние некултурните или “простите” жени, на кои, за жал, секојдневно налетуваме, а тоа се следниве нешта…

1. Вистинските дами немаат тетоважи на видливите делови од телото. Токму затоа и се дами. Бидејќи за нив тоа е интимна работа.

2. Вистинските дами секогаш се одзиваат со “молам”, а не со “што е”. Основната култура е особено важна.

3. Вистинските дами никогаш нема да запалат цигара на улица. Пушењето е резервирано за затворена просторија, или некој агол надвор, но никако пред очите на сите додека чекори по улиците.

4. Вистинските дами се секогаш пристојно облечени. Ни премногу впечтливо, ни премногу просто. Едноставно, изгледаат убаво во сите пригоди.

5. Вистинските дами никогаш не се расправаат. Тие држат до ставот: “Кавгата ништо не решава и не носи ништо позитивно”.

6. Вистинските дами не знаат за пцости. Никогаш нема да чуете вистинска дама да каже неубав или навредлив збор, а камоли да опцуе. Тоа за нив е под секоја чест.

7. Вистинската дама едноставно нема да си дозволи да биде во друштво на некултурни луѓе, без оглед дали се машки или женски. Таа се трга од нив бидејќи не поддржува такво однесување и затоа што се срами да не биде и самата окарактеризирана како таква.

8. Вистинската дама секогаш мириса убаво. Не претерано, но секогаш мириса убаво. Секогаш на себе има пристоен парфем кој го носи со стил и не дозволува да се почувствува непријатен мирис.

9. Вистинската дама има гордо држење. Исправен грб и сигурен став се одлика на достоинството.

10. Вистинската дама никогаш не е впечатлива, со ништо на себе, а сепак привлечна и мами погледи. Вистинска дама е она што секоја жена посакува да биде, и би требало да биде.