Search for content, post, videos

ВИСТИНСКИОТ НАКИТ ЗА ВАС

СКОРО И НЕ ПОСТОИ ЖЕНА КОЈА НЕМА НЕКОЈ ИНТЕРЕСЕН ЃЕРДАН, НАРАКВИЦА, ПРСТЕН ИЛИ НЕКОЕ ДРУГО ПАРЧЕ СКАПОЦЕН НАКИТ, БЕЗ ОГЛЕД ДАЛИ КУПЕН,
ДОБИЕН КАКО ПОДАРОК ИЛИ НАСЛЕДСТВО ОД ПРЕДЦИТЕ

И доколку сте љубителка на накитот, или пак толку време се наканувате да излезете и да си
одберете нешто, веројтно тоа ви делува како нешто наједноставно – да излезете, да си одберете
обетки и ѓердан и работата е завршена. Но дали е баш така?
Многу е важно пред сже да знаете кој накит кога и каде се носи и се складно да искомпонирате – да го вклопите накитот да ви одговара со бојата на косата, тенот, па дури и со обликот на вашето
лице.
АКО ИМАТЕ ПЕПЕЛАСТО РУСА КОСА И СВЕТОЛ ТЕН…
Најдобро ќе ви прилега накит од сребро. Можете да одберете и накит кој е украсен со светлосини и розови циркони, бидејќи тие бои одлично се вклопуваат со вашите природни карактеристики. Ако сте љубителка на перли, тогаш одберете ги оние со розов отсјај.
АКО ИМАТЕ ЗЛАТЕСТА БОЈА НА КОСАТА И ПЕСОКЛИВ ТЕН
Ако сте русокоса со златеста нијанса и имате топла боја на тенот, веројатно инстинктивно
посегнувате по златниот накит и се доживувате дека убаво ви стои. И навистина е така, но уште подобро ќе ви прилегаат скапоцени и полускапоцени камења со кафеави тонови, на пример килибар и цитрин. Портокаловиот накит или накитот со боја на кајсија, потоа месингот и штрасот исто така ќе ви прилегаат многу добро бидејќи нивните топли нијанси ќе го истакнат златестиот
сјај на вашата коса.
АКО ИМАТЕ ТЕМНА КОСА И СВЕТОЛ ТЕН
На црнките со светол тен и румени усни им прилега златниот и сребрениот накит. Златото најдобро ќе ви прилега во комбинација со црвени скапоцени или поскапоцени камења, а среброто во комбинација со сафири, штрас или стаклени перлички.
ВИСТИНСКИОТ НАКИТ ЗА ВАС… АКО ИМАТЕ ТЕМНА КОСА И ТЕМЕН ТЕН
Жените со темен тен и темна коса (кафеава или црна) треба да носат злато, кое ја истакнува бојата на косата и кожата. Покрај златото совршен избор се и темнокафеавите,сјајни стаклени перли, а од полускапоцените камења вистински избор се тигровото око и кварцот. За да го нагласите тенот и бојата на својата коса, во одредени прилики носете крупни бели перли. Совршен избор!