Search for content, post, videos

Вистинско ослободување на душата

Не разбирам зошто молчењето е злато, зошто е доблест премолчувањето на вистината, зошто е предизвик лагата, зошто глупоста е интересна, зошто луѓето едноставно не сакаат да разберат дека го немаме на располагање сето време на светот…? Дали ќе бидам попаметна ако ја премолчам вистината или ќе бидам посреќна ако ја проголтам тагата и со безброј маски на лицето, успешно ја одиграм лажната улога во сопствениот живот, кој се повеќе го претворам во патетична глума? Не можам да функционирам по тој принцип, се губам себе си во неискреноста кон себе, неправедно се осудувам, го губам центарот на моите желби и немам каде да ја поставам својата оска. Велат, никогаш не е доцна за будење, така мислам и јас. Ако ме прашате мене, ќе ви речам, борете се за своите права, викнете погласно, посегнете повисоко, имате право на тоа. Нека не ве интересира што ќе кажат другите, тие и онака си мислат што си сакаат… Не можете да ги спречите да ве озборуват или да ве навредуваат, но сеедно, никој ништо не ви може, се додека верувате во себеси. Старите велат дека е убаво да се наведне главата и да се продолжи напред без многу објаснувања. И не велам дека не е во ред, тоа е начин да се биде кроток во душата. Но, да бидеме без право на свој приватен простор? Не, тоа е сосема погрешно, па затоа прецртајте го тоа од списокот и никогаш не ја наведнувајте главата пред никого. Можеби зацртаните цели понекогаш пропаѓаат, но во што се разликуваме ние од успешните луѓе? Во што се разликуваат шампионите од другите играчи? Размислете добро. И ќе ја добиете извонредната дефиниција за спокоен живот кој ќе го живеете по сопствени правила.

Надица Пушкоска

продолжува…