Search for content, post, videos

Внатрешна мудрост – во умот е излезот…

Во секој од нас постои вистински исцелител кој го знае одговорот на прашањето – како да оздравиме?

Во секој од нас постои и оној кој ја знае вистината, како да најдеме решение за нашите проблеми, како да излеземе од тешките ситуации, како да се хармонизираме со светот и со себе…Но, за жал, во обичниот живот не го слушаме тој глас на вистината. Тој е потиснат и заборавен заради подивениот и суетен ум. Само со душевниот мир можеме да се пробиеме до гласот на нашето вистинско „јас“ кое ќе не изведе од најзамрсените лавиринти на животот. Душевниот мир не става зад границите на затворот на нашите мисли и чувства, зад нашите замислени, нерешливи проблеми со кои сме окружени во секојдневниот живот. Таа не прави слободни, ни ги отвора скриените врати на знаењето за тоа како да излеземе од проблемите и како да ги решиме. Притоа ни станува јасно и едноставно она што ни изгледало невозможно кога сме биле под целосна власт на нашиот ум.
Пронајдете го во себе сопствениот извор на вистината, па светот кој ви изгледаше мрачен и замрсен, ќе стане блескав, светол и радосен, ќе ги нема замрсените лавиринти исполнети со несреќи и проблеми, туку ќе постојат само јасни и светли патишта кон светлината, кон здравјето и кон радоста.

КОНТРОЛИРАЊЕ НА ЖЕЛБИТЕ

Освен мислите кои постојано се вртат во главата на човекот, него вообичаено го удира и друг камшик – желбите. Во желбите нема ништо лошо доколку тие желби се природни, потребни и остварливи, доколку го сакаме навистина она што ни е потребно. Но дури и таквите природни желби некогаш стануваат негативни. Бидејќи ако нешто ни треба, тогаш е бескорисно да ја трошиме енергијата на тоа само да го посакуваме. Многу е поприродно нешто да направиме за да го постигнеме посакуваното. Уште полошо е ако умот се вознемири од таквите желби и се фаќа за работи кои не ни се воопшто потребни. Повеќето лажни желби само го замаглуваат нашиот ум и не тераат да трчаме по привиденија, додека вистински неопходните работи остануваат недостижни.
Како да ги истераме непотребните страшни желби кои само не одвлекуваат од постигнување на вистинските цели и од вистинските потреби? Како да разбереме што ни е навистина неопходно за да бидеме среќни?
Логичното расудување нема да ни помогне. Превртливиот ум постојано ќе ви шепоти дека ви е потребно ова или она и уште многу други нешта што ги има кај соседите, она што треба да го имате во „нормалното општество“, она што е модерно. И вие веднаш ќе се ангажирате на десет страни да го добиете, да го достигнете, а потоа неизмерно ќе се разочарате кога ќе се покаже дека она што сте го добиле не ја донело посакуваната среќа и дека радоста заради исполнетата желба била моментална и празна. Поради тоа, вие енергијата ја трошите до последна капка за постигнување на посакуваното, и кога ќе увидите, ќе сфатите дека вашиот живот почива врз урнатини, бидејќи додека го следевте споредното, не му посветивте внимание на примарното.
Спасот лежи само во смирување на душата која ќе ве ослободи од порочната пајажина од желби која ве заплеткува вас и вашиот ум. Само таа дава проникливост и вие да видите пред себе што ви е најнеопходно, а што е залудно трошење енергија на бесмислената суета.
Објект на воспоставување душевен мир може да биде се што ќе посакате, па така и сопствените намери, желби, незадоволството од себе и од животот. Со текот на времето ќе осознаете дека некои желби биле само последица од внатрешната дисхармонија и од душевниот немир. Затоа е потребно да загосподарите со внатрешната хармонија, а бесмислените желби ќе исчезнат сами, ќе одлетаат, а во душата ќе остане она што е вистинско, што е неопходно за целосен и здрав живот.

 

Силвана Јованчева