Search for content, post, videos

Во огледалото на песимизмот

Песимизмот е состојба на духот, а песимист е оној човек кој со црните мисли се брани од разочарувањата. А кога сте разочарана, вие сте повредена и тоа ве боли. Песимизмот е всушност механизам за одбрана од разочарувањата. Но, песимистот на тој начин прави нешто лошо за себе. Вистина, тој се брани од болка, но неговиот свет е обоен со црно и сиво. Песимистот си ја скратува можноста да се надева на нешто убаво и добро во својот живот. Тој едноставно не си дозволува ни да ужива во убавите моменти. Има искривена, негативна слика за себе, иако можеби околината го гледа како способна и вредна личност. Меѓутоа, ваквите луѓе како да се огледуваат во искривено огледало, сите свои недостатоци до крајност ги зголемуваат, а позитивните или не ги забележуваат или пак ги омаловажуваат. Постојано се чувствуваат лошо и им се чини дека во споредба со другите луѓе секогаш поминуваат полошо. Негативната претстава за себе го доведува човекот да биде постојано лут, депресивен, да се чувствува виновен и да ги предимензионира своите грешки. Ако однапред си каже дека се околу него е страшно, бесмислено, со тоа ја индивидуализира сопствената личност, затоа што не си дава можност ни самиот на себе, ни на другите