Search for content, post, videos

Во забранета врска

Каков тип на жена е денешната современа љубовница? Пресреќна, затоа што нејзината слобода е нејзин избор.Па кога на крајот на денот тој мора да си замине дома, таа е слободна.

Првата асоцијација за жена – љубовница е дека тоа е жена што е сама за Нова година и Божик, жена што по цел ден седи пред телефонот и чека тој да  заѕвони или жена што со игла ја боцка куклата од партали што ја претставува неговата сопруга. Не сте во право.
Денешните љубовници се самостојни жени, зависни од својата независност. Тие не седат дома чекајќи љубовникот да им се јави, зашто имаат мобилен телефон, а тој може да ги најде во секое време. Тие ги познаваат најдобрите кафулиња во градот, знаат каде има најдобра храна и знаат каде е забавата. Современите љубовници имаат бурен друштвен живот и излегуваат со своето друштво кога не се со него!
Секако, не им е проблем да бидат “соло” некое време, ниту пак стануваат хистерични ако тој воопшто не им
обрне внимание за празниците (тоа е време кое му се посветува на семејството). Ниту една современа љубовница не би сакала да се распадне неговото семејство, ниту пак би сакала самостојниот живот да го замени со брачна заедница. Независноста на овие жени е можеби и главната причина што ги привлекува оженетите мажи. Тој не мора да се плаши дека еден ден таа ќе се појави на неговата врата и ќе се обиде да му го растури бракот.
СЕ ДЕЛИ ЛИ ЉУБОВТА?
Многу жени се изненадуваат самите себе кога ќе се најдат во прељубничка врска. Оженетите мажи до вчера ги сметале за забрането овошје, а сега одеднаш сфаќаат дека почнуваат да се “загреваат” и дека старите правила веќе не важат.
Барем еднаш во животот секој гледал филм (серија) каде што сопругата вели “Ја сакаш ли?”, а мажот обично тоа го негира. Во спротивно сопругата ќе си помисли дека веќе не е сакана. А љубовта може да се дели. Тоа што мажот ја сака сопругата не значи дека не ја сака и својата љубовница.

СОПСТВЕНИ ПРАВИЛА
Време е љубовниците да добијат малку поинаков статус и да престанат да се третираат како натрапнички кои пробуваат да ги украдат чувствата на мажот наменети за неговата сопруга. Да се сака некој не е исто да се бара ексклузивно право на него. Ако жената сака моно-гамна врска, тоа е во ред. Но, ако наместо улогата на девојка или сопруга, повеќе и одговара улогата на љубовница, и тоа е во ред. Потребно е да се креираат сопствени правила за врската. Ако вонбрачната врска им одговара и неа и нему, ако двајцата се развиваат духовно, ако се разбираат еден со друг, не треба да го прекинуваат тоа што го имаат. Само, љубовницата никогаш не треба да биде таа што ќе поставува услов “Јас или твојата сопруга”. Љубовницата го нема тоа право.
МОДЕРНА ХЕРОИНА
Некои жени тешко се снаоѓаат во улога на љубовници, ги пече совеста, се чувствуваат мизерно и не знаат што
да прават. Други пак совршено се снаоѓаат во улогата на “втора жена” и немаат никаков проблем со својата
подредена состојба. Нив им е јасно дека ќе бидат озборувани и осудувани, но тоа е животот што го одбрале
за себе, па научиле да бидат дискретни во секоја ситуација. Тие не го губат сопствениот живот без разлика
како и да се одвива врската.
УШТЕ ВОЗБУДУВАЊА
Вистина е дека има жени кои никогаш нема да побараат мажот да ја остави својата сопруга заради нив. Вистина
е дека многу жени покрај сопругот имаат љубовник и сосема се задоволни од дополнителното возбудување
што го чувствуваат. Секако, секој би бил повреден кога би дознал дека неговата посилна или понежна половина
го изневерува.
Но, какво и да е вашето мислење за прељубничките врски, мора да го следите сопствениот пат и да преземете
одговорност за своите постапки. Тоа може да биде тешко, но знаете дека живеете со полни гради, подготвена сте да ризикувате. Конечно, секој пат ќе се најде барем еден маж што ќе ви биде благодарен што ве запознал.
КАКО ДА ПРЕЖИВЕЕТЕ ВО ПРЕЉУБНИЧКА ВРСКА?
 Внимавајте кому му се доверувате – не се сите отворени кон таквата врска, но..
 Настојувајте секогаш да имате пријатели со кои можете да зборувате на таа тема.
 Никогаш не му се јавувајте дома. Само на работа или на мобилен.
 Не му оставајте говорна пошта, посебно не на мобилниот.
 Не седете дома надевајќи се дека ќе се јави.
Излезете и забавувајте се.
 Не паѓајте во депресија ако за Божик тој е со своите дома. Одредете сами датуми што ќе бидат само ваш празник. А и не мора да ги запознавате неговите роднини, што е предност, нели?
 Не сонувајте дека еден ден ќе се омажите за него.
 Не размислувајте за неговата сопруга. Не заборавајте дека има сопруга.
 Ако двајцата чувствувате вина, прекинете ја врската. Не ја барајте жена му да се исповедате.

МОЌТА НА БАКНЕЖИТЕ
И без оглед дали сте се одлучиле за моногамна, прељубничка или каква ли не врска, чувството на страст, задоволство, љубов… е она што го води секој човек во животот. А едно од најмоќните оружја во љубовта е бакнежот. Оној сладок, сочен, мек, силен, страстен… бакнеж по кој копнее сечие човечко срце.
Еве зошто е бакнежот добар и зошто се препорачува…

… помага во спречување на кариесот
Бакнувањето наликува на џвакање мастика, која помага при спречување на кариесот. По јадењето, вашата уста
е полна со остатоци од храната. Бакнувањето е природен процес кој поттикнува да се излачуваат киселини и
течности во устата со што тие се разложуваат и воедно усната шуплина се прочистува.
… го забавува процесот на стареење
Додека се бакнувате, се затегнуваат сите мускули на  вашето лице. Затоа колку повеќе се бакнувате, помалку
е веројатно дека тие со стареењето ќе почнат да се опуштаат.
… ја намалува напнатоста
Страсен бакнеж е одлична можност за релаксирање. Кога се бакнувате, вашите усни се во положба која потсетува
на насмевка. Вашите емоции и “јазикот на телото” се поврзани. Затоа е невозможно да се насмевнувате и да чувствувате напнатост одеднаш. Во исто време, вие дишете длабоко со затворени очи – истото тоа го правите кога се опуштате. Бакнувањето е совршен начин да се оддалечите од светот околу вас и проблемите кои притискаат.
… помага при слабеењето
Долгиот бакнеж го забрзува метаболизмот, па на тој начин согорувате многу повеќе шеќер. Потрошените калории зависат од интензитетот на бакнежот, но може да се потрошат до 10 калории за 10 минути.
… влијае на срцето
Ако бакнувањето ве возбуди, ослободувате адреналин и вашето срце чука забрзано. Тоа е одлична кардиоваскуларна
вежба.
… тоа е добра индикација за тоа
Што може да се случи Кога бакнувате нов маж, добивате совршена слика за сексуалната порака која ви ја испраќа. Првиот бакнеж е одлична индикација за хемијата помеѓу вас. Мирисот има голема улога во меѓусебната привлечност, па ако вашите мириси не се сложуваат, тешко дека бакнежот ќе ви помогне да изградите врска.
… ја зголемува самодовербата
Нема ништо подобро од страсен бакнеж, кој ви помага да се чувствувате добро. Кога се бакнувате, среќна сте, а ако сте среќна, тогаш се чувствувате добро и во врска со себе.


НО… САМО ПОНЕКОГАШ БАКНЕЖОТ МОЖЕ ДА БИДЕ И ЛОШ
Настинките се многу заразни, па затоа избегнувајте бакнување ако сте настината, ако имате треска, температура…
или вие или вашиот партнер. Грипот може да се пренесе преку бакнеж, но може да се пренесе и преку дишење. Затоа избегнувајте блиски контакти со партнерот во тој период.
Вирусот на сида никогаш не бил пренесен преку бакнеж. Но, сепак постои теоретска можност за пренесување на
овој вирус ако двајцата партнери имаат отворени ранички во устата.