Search for content, post, videos

Водич за интегралните житарки

Дознајте повеќе за интеграните житарки и нивните лековити својства. Почнете да готвите разновидно, вкусно и здраво.

Киноата е древна јужноамеричка житарка, која се одлгедувала на Андите уште пред 5000 години. Инките ја знаеле оваа житарка како извор на сила и издржливост. Ја нарекле “Златото на Инките“ и “Мајка на житарките“. Киноата е богата со висококвалитетни протеини и ги содржи сите есенцијални аминокиселини. Посебно е богата со лизин, кој учествува во процесот на растење и зацелување на ткивата. Лизин е ɑ-аминокиселина која учествува во биосинтезата на протеините. Претставува есенцијална аминокиселина за луѓето, што значи дека организмот не може да ја синтетизира поради што неопходно е да се внесува со исхраната. Од минераите содржи калциум, железо, магнезиум, фосфор, цинк и бакар. Од витамини има тиамин, рибофлавин, ниацин, витамин Б6, фолна киселина, витамин А и Е. Киноата содржи и растителни влакна и каротеноиди.

Помага кај мигрена, ја подобрува работата на срцето и крвните садови, го намалува холестеролот и високиот крвен притисок, спречува алергии и астма. Пред да ја подготвувате киноата треба убаво да ја измиете, бидејки нејзината лушпа содржи сапонин-природен горчлив вкус. Измијте ја и убаво предецете, а потоа варете ја во голем сад со многу вода или на пареа (во сразмер 2 чаши вода на една киноа)

 

Камут – е древна житарка, слична на денешната трвда (дурум) пченица. Зрното на камут житарката е малку закривено на средината и 2-3 пати поголемо од зрното на класичните сорти на пченица. Во однос на хранливата вредност, камутот е супериорен и содржи 20-40% повеќе белковини, масти, аминокиселини, витамини и минерали. Вкусот му е сладок и токму поради ова е наречена “слатка пченица“. Поради висока енергетска вредност е многу добра житарка за спортистите и физички активните луѓе. Луѓето алергични на глутен покажуваат 70% помала чувтсвителност на камут и затоа помеѓу луѓето кои се алегрични го знаат како “пченица која можете да ја јадете“. Можете да го користите за подготовка на леб, колачи, палачинки и во многу други рецепти каде обично се користи пченица. Од камут може да се припреми кускус и тестенини.

Јачмен – Во многу цивилизации јачменот е познат уште пред 12000 години. Спаѓа во најстарите растенијаа кои човекот ги користел во својата исхрана. Меѓутоа денес употребата на јачменот во исхраната на луѓето се повеќе се намалува. Денес зборот јачмен, кај повеќето луѓе потсетува само на пиво. Јачменот е исклучително хранлив, богат е со скроб, протеини, шеќери, расттелни влакна, минерали (калциум, железо, фосфор, калиум), како и со витамините А,Б, Б2 и Б5. Оваа житарка го чисти организмот   од отрови, има својство на диуретик, го поттикнува создавањето на млеко, ги зајакнува коските, го обновува организмот и ги чисти крвните садови. Јачменот можете да го користите во супи, чорби, готвени јадења, ориз и како вкусен доручек.

Силвана Јованчева