Search for content, post, videos

Волшебниот двојник на магдоносот – Целер

Чудотворното дејство на растението допринесува до топење на каменчињата во организмот, го намалува лошиот холестерол, го прочистува и смирува телото. Тоа е волшебникот кој го смирува телото – целер.

Целерот им бил познат уште на старите Грци. Во Хомеровата “Илијада” се споменува дека коњите паселе див целер, а во “Одисеја” се споменува постоењето ливади со див целер. Заради пријатната арома и зелените листови, венци од целер добивале  победниците во старогрчките Истмиски игри, одржувани во чест на богот Посејдон, како и победниците на Немејските игри. Древните Грци, Римјаните и Египјаните го користеле целерот како лек против некои болести. Во своето време, дури и Хипокрит говорел дека ако нешто не е во ред со нервите, треба да се јаде многу целер.

Целерот е од голема полза за човечкиот организам….

Тој има особина да го прочистува организмот од токсините, па заради своите антитоксични својства одличен е за пролетно чистење на организмот, по зимските денови. Во Јапонија практикуваат еден ден во неделата да се јаде само целер во секаква форма, па на тој начин си го прочистуваат организмот. Целерот, не само што ги отстранува отровите од телото, туку помага и во регулација на крвниот притисок, делува поволно при заболувања на црниот дроб и жолчката, а помага и во регулирањето на шеќерот во крвта, поради што им се препорачува на дијабетичарите. Само две стебленца целер содржат 15% од дневната потреба на организмот од витамините А и Ц. Целерот е исклучителен диуретик (исто како и магдоносот). Ја поттикнува работата на бубрезите и е добар за лицата кои страдаат од отоци предизвикани од кардиоваскуларни заболувања.

Целото растение е хранливо. Благодарение на големата содржина на  етерични масла, целерот го стимулира целиот организам. Има влијание на состојбата на кожата, при тоа помага за регенерација на клетките, а има противвоспалително дејство и тоа на целиот организам, на сите органи, а не само на кожата. .

Целерот ни подарува енергија, но не и калории.

Тој е меѓу најниско калоричните продукти. Истражувачите велат дека ако во текот на денот грицкате целер, особено стебленцето, тогаш е загарантиран добар сон. Токму поради оваа негова особина во составот на некои средства за спиење влегува екстракт од целер. Семето од целерот содржи масло кое има широка примена во козметиката и фармацевтската индустрија, а се употребува и при производство на некои парфеми.

Силвана Јованчева