Search for content, post, videos

5 фази на љубовта

Психологот Џед Дајмонд по 40-годишно искуство дошол до заклучок дека поголемиот број луѓе навистина во некој миг од животот ја наоѓаат „љубовта на својот живот“, но најчесто остануваат без неа бидејќи заглавуваат во третата фаза од вкупно петте фази низ кои минува љубовната врска.

 

Прва фаза – вљубување

Повеќето љубовни врски започнуваат со вљубување, односно период во кој се чувствуваме дека „лебдиме“ со главата во облаците. Тогаш идеализираме сè  и светот го гледаме низ „розови очила“.

 

Втора фаза – двојка

Во следната фаза двајца луѓе стануваат „вистински пар“, а љубовта помирна, позрела и постабилна. Тоа може да потрае и неколку години, а тогаш најчесто и доаѓа до венчавка и проширување на семејството. Тогаш партнерите се чувствуваат сигурно, сакано и задоволно.

 

Трета фаза – криза

Третата фаза е всушност најкритична. Тоа е период во кој на повеќето им изгледа дека страста исчезнала, дека партнерот им станал предвидлив, а секоја ситница им оди на нерви. Често завршува со заклучокот „нема смисла да се мачиме кога очигледно не ни оди“, без оглед на тоа колку време сте поминале заедно.

 

Четврта фаза – без илузии

Оние парови што ќе ја преживеат критичната фаза, во четвртата фаза треба да докажат дека напорот да останат заедно им се исплател. Повеќе нема илузии, личноста пред вас е реална, не онаква каква што сте ја замислувале додека сте биле млади – и тоа е сосем во ред, бидејќи сте ја прифатиле како таква и ја сакате со сите нејзини мани и доблести.

 

Петта фаза – животна љубов

Ако во петтата фаза парот го преживеал сето она што животот им го донел, веќе се развила длабока и силна поврзаност меѓу партнерите, кои имаат чувство дека сè додека се заедно, можат да го остварат она што ќе го посакаат. Тогаш љубовта има заеднички цели, планови и желби, а сите оние ситници што ви пречеле во третата фаза сега изгледаат детинесто и безначајно. Тоа е воедно и фазата кога партнерите сфаќаат дека навистина „ја нашле љубовта на својот живот“.