Search for content, post, videos

Бидете жртва за туѓата среќа – ќе ви се врати еден ден!

Можеби, но врувајте дека ова не е бајка, а ниту рај, туку е живот и е само еден и еднствен. Тоа значи дека треба да направиме нешто добро за себе и да бидеме први на своите приоритети, а не да се жртвуваме секогаш за другите. Исклучок се само оние кои ја сочинуваат нашата душа, оние кои ни се најмили и најблиски, но не и секој кој сосема случајно поминал во нашиот живот. Сосема е во ред да бидеме тука за сите, но да бидете несреќна по цена другите да бидат среќни, е тоа одамна веќе не е во мода. Јас тоа го правев долго време и дури се освестив дека грешам и дека животот ми поминува залудно, ми поминаа најубавите денови. Кој сега ќе ми го врати сето тоа, кој ќе ми одговори зошто сум била толку наивна, па мислев дека со себе носам и дел од вечноста на времето?


Кој ќе ми одговори зошто кај луѓето повеќе доминира дволичноста, отколку љубовта? Зошто постои иронијата, наместо искреноста?
Кој ќе ми одговори зошто не можам да си го пронајдам својот центар и зошто никој не ми помага? Каде да ја упатам мојата помош за да ја најде својата половина?
Кој ќе ми одговри дали е ова исправен начин на живеење и уште колку правила ќе ни се наметнат? Дали сме комплетни ако целосно се откажеме од туѓите правила и се упатиме кон сопствениот излез на светот…?

Надица Пушкоска