Search for content, post, videos

Двете најголеми грешки што ги правиме во бракот

Дури и најсилните жени што секогаш внимаваат на себе и стојат на она што го зборуваат често прават грешки во љубовта. А следниве две грешки се најчестите, и речиси нема жена што не ги направила барем еднаш…

 

Преминувате преку неговите престапи што ве прават несреќна

Ако проблемот не може да се реши, а вие сте и понатаму несреќна, тогаш најдобро е да ја прекинете врската отколку да останете во неа. Некои постапки едноставно не можат да се простат.

Постојат парови што можат да преминат преку навреда или неверство и повторно да ја стекнат меѓусебната доверба, но тоа се случува само кога оној што е виновен за престапот искрено жали за својата постапка и го менува своето однесување на подобро. Без тоа нема простување и доверба. Ако на партнерот му објасните што ве повредило длабоко, а тој продолжува така да се однесува и понатаму, преминувањето преку тоа нема да ве направи посреќна. Психолозите предупредуваат дека игнорирањето на проблемот долгорочно ѝ штети на врската или бракот и понекогаш е подобро убаво да се скарате отколку да премолчите и да продолжите да бидете несреќна.

 

Ги запоставувате своите потреби за сметка на неговите

За да воспоставите здрав однос, не само љубовен туку и пријателски, морате да си бидете самата себеси на прво место. Жените често имаат потреба максимално да му удоволуваат на партнерот во сите аспекти на заедничкиот живот и притоа забораваат на сопствените потреби.

Секогаш се прилагодувате на неговиот распоред, го готвите само она што тој го сака, во најинтимните мигови важно ви е тој да биде задоволен, а вие доброволно ја толкувате споредната улога. Сите овие се ситуации во кои не мислите на себе, а би требале. Запомнете: темелот на секоја врска е компромисот и еднаквоста, а вие сте подеднакво важна како и вашиот партнер.