Search for content, post, videos

И мажите тешко ја наоѓаат “вистинската”

Не се само жените тие на кои им е тешко да го најдат „вистинскиот“. Напротив, се повеќе мажи се жалат на компликуваноста за воспоставување врска со онаа вистинската…
Од денешните мажи се очекува: да бидат кооперативни партнери на своите партнерки, но во исто време мора да бидат атрактивни, што значи да зрачат со самодоверба и амбиција. Понекогаш балансирањето на овие квалитети не завршува на задоволувачки, среќен начин, а понекогаш остануваат без женската благодарност и почитување за својот труд.
Мажите тврдат дека тие не можат да победат кога станува збор за остварување на квалитетот на врската. Ако го слушаат друштвото и се кооперативни партнери, жените ќе ги вбројат во категоријата „фино момче“ кое ќе го искористуваат и недоволно ќе го ценат; ако пак ги слушаат биолошките императиви и имаат самодоверба и амбиција, ќе бидат обележани како „кретени“ кои ги интересира само сексот, но не и љубовта и почитувањето.
Многу модерни мажи велат дека за нив барањето девојка е еден вид казна и од таа ситуација не наоЃаат излез. Со оглед дека се и самите свесни дека не можат да ги исполнат двете норми на однесување, половина од нивните потреби остануваат неисполнети, без оглед по кој пат и да одлучат да одат. Ако мажот одлучи да биде „добро момче“, веројатно ќе најде девојка со која ќе може да оствари врска. Меѓутоа таа нема да го смета за „атрактивен“ партнер. Затоа ќе се случи врска со помалку сексуални односи, неверства, непочитувања… се до крајот со барањето „да останеме пријатели“.
Од друга страна, пак, ако мажот реши да се сврти кон „биолошките императиви“ и игра на картата на самодоверба и амбиција, тој ќе најде идеална девојка за секс, но со самото тоа ќе биде опишан и доживеан како маж кој не е за врска. Па така и во двата случаи тие тешко наоѓаат „атрактивна“ девојка за долга врска, поточно таква што е физички атрактивна, интелигентна и полна со самодоверба.
Еве како реагираат некои мажи:
1. Стануваат атрактивни – ова е една од стратегиите кои ја одбираат мажите: да бидат атрактивни, доминантни и отворено да ја покажуваат својата сексуалност. На тој начин барем ги задоволуваат своите краткорочни сексуални потреби. Ваквите тактичари главно привлекуваат жени кои не се за долга врска, па оваа стратегија и не е баш добра на долг пат.
2. Внимателни партнери – втората стратегија на мажите е да станат „фини момчиња“ и тие главно полесно остваруваат врска. Меѓутоа тие треба внимателно да ја одбираат својата партнерка. Финото момче бара искрена и верна партнерка која ќе ги почитува неговите потреби и која ќе му биде благодарна за трудот кој го вложува. Но врската во почетокот може да тргне и да се одвива идилично, а потоа таквото машко однесување може и да нервира. Ваквите бракови неретко завршуваат со развод, па затоа оваа стратегија не може секој да ја примени.
3. Држат високи стандарди – некои мажи применуваат високи стандарди но такви бараат и од својата партнерка. Тие инвестираат во својот развој, атрактивност, вредности и успех, а партнерката ја третираат во склад со заслугите. Ваквите мажи не се задоволуваат со партнерка која не ги исполнува нивните критериуми. Иако пристапот е добро обмислен, може да потрае, бидејќи додека се најде соодветна личност може да мине многу време.
4. Без тактика – на крајот некои мажи решаваат да немаат тактика. Тоа значи дека одат по својот пат бидејќи во минатото поминувале лошо и не гледаат дека нешто може да се смени. Тие се концентрираат на својата среќа и не сакаат да прават нешто само за да си најдат девојка. Во јавноста најчесто ги вбројуваат во категоријата „незрели“, но тие всушност немаат доволно мотивација и едноставно се сакаат себеси.