Search for content, post, videos

Мали љубовни тајни: 3 чекори за убав ден

Дали сте помислиле дека за убав почеток и завршеток на денот ви се потребни само 3 мали нешта? Пробајте и ќе видите, насмевката меѓу вас двајцата ќе стане секојдневна навика…

 

1. Кажете „добро утро“ и „довидување“

Звучи едноставно, но верувајте овој мал гест може да има големо влијание бидејќи на вашиот партнер не му остава простор да помисли дека е отфрлен и дека не го цените доволно. Утрото е најстресниот дел од денот, кога сите сме во најголемо брзање, но во овие ситуации и на ваков начин покажувате дека партнерот ви е секогаш важен.

 

Испијте го кафето заедно

Станете 10 минути порано за да ја сварите вашата омилена напивка и да ја испиете заедно со партнерот во опуштен разговор. Можеби во почетокот ќе ви пречи станувањето порано, но со текот на времето тоа ќе се претвори во ритуал во кој ќе уживате. И запомнете, без премногу сериозни теми!

 

Пофалете го

Кажете му зошто го сакате, зошто сте горда на него и дека ќе ви недостасува цел ден. Ако станувате во различно време, напишете му го тоа во порака или на ливче и ставете го на видливо место. Нема подобар почеток на денот од оној кога некој ќе ве пофали и ќе ви каже дека ве сака.