Search for content, post, videos

Народни верувања за свадбите

 

Нашите предци биле многу внимателни кога го одбирале датумот кога ќе стапат во брак. Секој месец си имал свое значење, па според тоа и се одредувало дали е добар период да се направи свадбата.

Доколку младите се одлучеле да направат свадба околу нова година, се верувало дека сопругот ќе биде заљубен, искрен и добар. Февруари не се сметал за добар месец, а доколку свадбата се одржела во март, тогаш младите би требало да очекуваат и солзи и задоволство во својот брак. Месецот април, верувале, носи многу задоволства и за невестата и за младоженецот во нивниот понатамошен живот, а мај пак верувале дека не ветува некои убавини во животот. За оние што се венчавале во јуни, се верувало дека ќе го прошетаат светот, а за оние во јули, дека цел живот ќе треба да работат за корка леб. Младоженците од август ќе минуваат низ големи промени низ животот, а се препорачувало да се одржуваат венчавки во септември и тоа во црква, за животот да им биде богат и добар. Доколку младоженците го одбрале октомври, старите верувале дека како што нивната љубов ќе расте, така богатството ќе им опаѓа, а пак темниот ноември иако бил студен месец, сепак им ветувал на младите задоволства во животот. За декември, тие сметале дека штом првиот снег падне дека треба да се направи венчавка брзо со цел искрената љубов да потрае.