Search for content, post, videos

Нешта кои ги „туркаат“ мажите од нозе…

 

Постои нешто многу повеќе во физичката привлечност и исклучителната личност, тврдат научниците. Некои од овие нешта биле пресудни за да го „турнат од нога“.
Ќе се изненадите што се ги привлекува мажите…

1. Став
Потпетиците не им даваат убав изглед само на вашите нозе. Помагаат и вашето тело да заземе став така што грбот ви е природно заоблен, а задникот се подига нагоре. Таквото држење ги привлекува мажите и тоа се поврзува со примитивните и природни нагони – женските цицачи природно се наведнати надолу и го местат задникот под одреден агол при парењето.
2. Мирис
Неодамна едно германско истражување покажало дека нашите тела произведуваат природен мирис за да ни помогнат да ги најдеме партнерите кои имаат силен имунолошки систем. Меѓутоа, женскиот полов орган во одреден период од месецот исто така испушта мирис кој го стимулира тестостеронот и надворешното дразнење на мажите.
3. Насмевка
Ве интересира некој маж? Насмевнете му се – веднаш ќе го привлечете. Размислете за тоа, кога некој ќе ви се насмевне, автоматски ја возвраќате насмевката, дури и кога не сте свесна за тоа. Насмевката ги стимулира мускулите на лицето, кои пак ги стимулираат нервите кои ги поизведуваат хормоните на среќата.
4. Поглед
Вашите очи можат да влијаат на тоа да привлечете некој маж преку феноменот познат како „копулативен поглед“. Во основа, со гледањето маж во очи две до три секунди го вклучувате примитивниот прекинувач во неговиот мозок кој ќе го поттикне да реагира на вашата привлечност или да се повлече.
5. Заби
Новото истражување спроведено меѓу самците мажи во Америка покажало дека меѓу поважните нешта кај девојките им се нивните заби. Забите потсвесно ќе му кажат многу работи за вас, како на пример за вашето здравје и возраст.
Белите заби покажуваат дека имате добра исхрана и лични навики, жолтите заби можат да бидат показател на лошото здравје, а тоа не е нешто што им се допаѓа на мажите кога си бараат партнерка.
6. Коса
Како и вашите заби, така и вашата коса многу зборува за вашето здравје. Сјајната, здрава коса е знак за младоста и плодноста, што потсвесно му праќа порака на мажот дека сте во состојба да ги продолжите неговите гени.