Search for content, post, videos

Пет грешки што ги прават жените а можат да го загрозат бракот

Ретко кој брак е идеален, но постојат одредени работи заради кои, доколку сакате засекогаш да останете заедно со својот партнер, би требало да ги избегнувате….

Никој не влегува во брак со идејата дека би можел да се распадне, туку со идејата дека нивниот ќе биде најдобар и најуспешен. Сепак, постојат неколку грешки што жените често ги прават, а кои можат да ја уништат брачната заедница. Еве за што станува збор…

1. Ги ставате децата на првото место

Тоа се подразбира? Полесно е да им се посветите на децата отколку на партнерот од многу едноставни причини. Бракот бара труд. Детето лесно ќе го насмеете и ќе го заиграте. Кога ќе се појават проблеми во бракот, сокривањето зад децата е нешто најлошо што можете да го направите.

2. Спиете одвоено

Спиењето во заеднички кревет не мора да значи целоноќни сексуални игрички. Со одвоено спиење ја уништувате блискоста со партнерот.

3. Поставете граници

Гостите и семејството се постојано кај вас. Доаѓаат ненајавено и остануваат до доцна. Особено ако станува збор за вашето семејство и пријатели, на партнерот би можело тоа да му пречи. Граници мора да постојат.

4. Го озборувате партнерот

Без оглед дали ѝ се жалите на мајка ви, на свекрвата или на пријателите, проблемите што ги имате со партнерот не би требало да ги кажувате никому, барем не додека меѓусебно не ги решите.

5. Обвинување

Меѓусебното обвинување за работи за кои ниту еден од вас веројатно не е виновен дополнително ќе ве оддалечат и несогласувањата ќе станат уште понагласени.