Search for content, post, videos

Постојаното префрлување води до пропаст

Додека самците мислат дека е најтешко да најдат партнер со кој ќе го поделат животот, факт е дека за оние што го изговориле судбинското „да“ проблемите почнуваат токму тогаш.

Ако сакате да го сочувате бракот, избегнувајте да ги правите следните четири работи…

– Жалбите на негова сметка се во ред, но постојаното префрлување го загрозува неговиот внатрешен мир и интегритет, а тоа води кон разочарување и крај на љубовната магија. Затоа никогаш не велете му дека е лоша личност затоа што не го исфрлил ѓубрето туку потрудете се да ги запомни неговите обврски.

– Ако од која било причина се појави презир во бракот, тоа значи крај. Лошите зборови, превртувањето со очите и исмевањето на оној што сте го одбрале за партнер ќе стават точка на вашата љубов.

– Истиот ефект ќе го постигнете и ако во текот на кавгите ја употребувате реченицата „не сум виновна јас туку ти“. Ваквата „одбрана“ само ќе ги влоши работите а проблемот ќе остане нерешен. Затоа разговарајте и признајте си ги секој своите грешки.

– Ако ги избегнувате кавгите и соочувањата, тоа значи дека емотивно се оддалечувате од партнерот. На тој начин му ставате до знаење дека вашиот однос односно љубовта повеќе не ви се важни.