Search for content, post, videos

Така е тоа во светот на жените  

 

Секоја жена е приказна за себе, но сепак сите жени имаат нешто заедничко: жената е најсилното, а сепак најкревкото нешто на светот. Таа умее да биде толку силна, а истовремено толку нежна. Има моќ со леснотија да ги менува нештата околу себе и покрај тоа што врз себе носи голем товар. Во светот на жените владее сосем поинакво царство од она на мажите, правилата се разликуваат речиси драстично, а сето тоа затоа што така сакала природата. Така на пример…

  • Научно е докажано дека жените се поиздржливи од мажите. Повеќе можат да издржат болка, физичка и емотивна, посилно се справуваат со непријатните и тешки животни ситуации и потешко се откажуваат од мажот. Иако жените важат за понежен пол, сепак, фактите го докажуваат спротивното.
  • Жените повеќе (понекогаш малку претерано) се грижат за својот изглед и повеќе од мажите вложуваат во третмани за разубавување.
  • 55% од жените имаат темни влакненца околу брадавиците и се чувствуваат непријатно поради тоа и затоа се одлучуваат на за ласерско отстранување.
  • Жените, за разлика од мажите, би направиле големи промени на своето тело само поради саканата личност. Изгледот за нив претставува едно од најважните нешта, па затоа пристапуваат кон драстични промени –  зголемување на градите, усните, надградби и слично.
  • 30% од жените воопшто немаат ПМС. Другите се соочуваат со многу нагли промени во телото кои кај нив се манифестираат со нервоза, зголемен апетит, а кај некои и со депресија.
  • Некои истражувања покажале дека 10% (можеби и повеќе) од жените не се чувствуваат среќно и задоволно веднаш по породувањето и длабоко во себе ги одбиваат своите деца. Тоа е така заради бројните промени што настануваат во телото.
  • Народните тврдења дека жените во бременоста се разубавуваат се испоставиле како точни. Без оглед на тоа дали жената во својата утроба носи машки или женски плод, нејзиното лице повеќе сјае заради побрзата циркулација на крвта.
  • 40% од жените можат да издржат повеќе алкохол од мажите. Тоа не се должи на редовното конзумирање, туку на издржливоста на организмот.
  • Жените размислуваат 65% повеќе од мажите за минатото, за емотивните промени, за тоа како би изгледала иднината. Затоа и многу потешко се опуштаат бидејќи мозокот им работи 24 часа на ден.
  • 70% од жените би сакале да постојат контрацептивни таблетки за мажи за да можат самите да ги исфрлат од употреба, со оглед на негативните хормонални промени што настануваат од нивното редовно конзумирање.
  • Кога би се собрало, излегува дека жените имаат меструален циклус 5 години од животот.
  • Непобитен факт е дека жената може да биде добра сопруга, мајка, професионално успешна, добра домаќинка и совршена пријателка, без притоа да се пожали за тежината на обврските.  За разлика од мажите кои веднаш би се пожалиле.
  • Во чантите  на жените многу често може да се најдат и непотребни работи. Тоа е поради убедувањето – можеби ќе затреба.
  • На сите жени им е важно да изгледаат убаво и привлечно. Тоа е дел од кодот на жената. Комплиментите на сите жени им се добредојдени, но не сите се опседнати со тоа.
  • 55% од мажите би се одлучиле за паметна жена, а останатите би се одлучиле само за добар изглед.
  • Анкетирањата покажале дека 44% од жените можат да имаат пријател од спротивниот пол без да ја преминат црвената линија, за разлика од мажите што само 10% би го направиле тоа.
  • 60% од жените не се одлучуваат на брак заради несериозноста на мажите, за разлика од нив, кои се плашат од одлуката за голема промена.
  • Жената може да биде насмеана цел ден со што ќе остави впечаток на среќна и сосем рамнодушна личност. Нејзината трансформација се случува зад затворени врати, кога ќе остане сама со себе и истовремено ќе размислува за сите нешта што ја притискаат.
  • Жените сакаат маж кој ќе ги поддржи во секоја ситуација, а не маж кој ќе се крие зад неа во моменти на одлуки.
  • 50% од жените посакуваат нивниот животен сопатник да наликува на нивниот татко. Останатиот дел го посакуваат спротивното. Тоа е така заради индивидуалната различност на односот со својот татко и восхитот или разочарувањата што ги доживеале во младоста.

Жената е олицетворение на убавина, на храброст, на смел чекор, на насмевка. Со сила се изборила за своето право, за својот глас, за рамноправноста. Затоа нејзината величественост мора да се почитува – во спротивно, се кршат кодексите на доброто однесување.

 

Надица Пушкоска