Search for content, post, videos

Вртени тиквички

Потребно:
4 тиквички
3 јајца
150гр фета сирење
1 дл млеко
1-2 лажички павлака
1 лажица брашно
Сол и бел бибер                                           

Подготовка
1. Измијте ги тиквичките и исечете ги тенко по должина. На работната маса наредете ги листовите тиквички, во средината на секој лист ставете по една коцка фета сирење и свиткајте ја тиквичката во ролна, водејќи сметка тиквичката да не е премногу стегната. Ролничките наредете ги една покрај друга во огноотпорен сад кој претходно сте го премачкале си путер и ставете ги да се печат во загреана рерна околу 15-20 минути.
2. Во длабок сад со миксер изматете ги јајцата, млекото, павлаката, брашното, па додајте ги солта и биберот. Ако сакате, додајте и малку рендано сирење или кашкавал. Прелијте ги ролничките и печете уште дваесетина минути, додека не се направи румена кора. Послужете ги тиквичките топли.