Search for content, post, videos

Зајачиња од тесто

СОЛЕНИ

Зајачиња од тесто
Потребно:
600гр брашно
1 јајце + 1 жолчка
100гр растопен путер
4дл млако млеко
Квасец, сол, шеќер, млеко
Белка за премачкување

Во една шолја ставете квасец, малку шеќер, сол и млеко и оствете го да стаса. Кога квасецот ќе биде готов, ставете го во садот во кој претходно сте ги ставиле брашното, јајцето и жолчката и растопениот путер. Постепено додавајте го млакото млеко и месете се додека да добиете компактна смеса. Покријте го тестото и оставете го да “расте” околу половина час. Уште еднаш премесете го, па повторно оставете го да нарасне. Направете 18-20 помали топчиња, покријте ги и оставете ги така околу 15 минути. Од топчињата направете долго вајлаче, дебело колку прст, па обликувајте го во вид на зајаче. Зајачињата премачкајте ги со изматената белка. Печете ги околу 20 минути во загреана рерна или додека да се заруменат.