Search for content, post, videos

 За летен блесок- евтини рецепти за маски

За да ја спречите појавата на мозолчиња и акни на лицетот, но и за да му го вратите изгубениот сјај од долгата зима, подгответе си некој од следните евтини рецепти за маски, а за ефектот прашајте го огледалото…
Маска од краставици и нане
Измиксирајте половина краставица, пет лажички свежо нане, лажица павлака со помала масленост и лажица млеко во прав. Внимателно нанесете ја маската избегнувајќи го делот околу очите, а по 15 минути измијте го со млака вода.

 

Маска од млеко и цимет
Во сад измешајте лажица млеко, половина лажица цимет, две лажици мед и лажица ванила. Прво убаво исчистете го лицето, па рамномерно нанесете ја маската и оставете да стои 15-20 минути. Со млака вода и благо впивање со крпата отстранете ја маската од лицето.

 

Маска од магдонос и краставици
За брзо да ја освежите кожата, пробајте го овој едноставен рецепт. Измиксирајте лажица свеж магдонос, лажица исечкана свежа краставица и лажица јогурт. Откако ќе добиете мазна смеса, нанесете ја на лицето и вратот. Оставете ја ревитализирачката маска да делува 10-15 минути, па исплакнете.