Search for content, post, videos

За живот со малку магија…

Кој не посакал бар еднаш во животот да живее во куќа како од бајките. Во светот има луѓе кои го оствариле тој сон и креирале места кои воодушевуваат, со нивната архитектура, локација, автентичност, волшебност.

Прекрасните куќички од бајките денес се реалност на која можат да ѝ се радуваат и возрасните.Овие неверојатно слатки живеалишта навистина постојат низ светот, во нив може да се престојува како и во секоја друга градба наменета за живеење, со таа разлика што во овие куќи ќе се чувствувате посебно, ќе влезете во еден сосема нов свет, светот на бајките каде сè е убаво, возможно, волшебно.

 

Постојат места во светот кои се како создадени во бајка. Кога ги гледате фотографиите сигурно помислувате дека е сцена од некоја приказна во сликовница или толку магична претстава за некој филм. Всушност, овие куќички се вистински и постојат.

 

Кој вели дека убавите куќички опколени со многу зеленило и цвеќе се само дел од бајките. Сонот може да биде и ваша реалност, а за тоа ви треба само добра фантазија. Иснпирирајте се и започнете да го живеете сонот.

 

Што се вклучува да се направи една куќичка од бајка?

Најпрво, потребна ви е рурална средина, по можност шума со вештерки и волци или самовили и џуџиња кои се кријат зад секој камен и дрво. Зависи колкаво ниво на адреналин преферирате…
Потоа, потребна ви е колибата самата по себе. Некои од нив се базирани на историски стил додека други се фантастично дизајнирани од имагинацијата на архитектот кои ги нацртал… Замислете само како е да се слави Нова Година или Божиќ во овие прекрасни куќички!!!

 

 

 

 

 

Овие куќи не се монтажа или дел од некој филмски сет – тие имаат сопственици и се целосно опремени за живеење.

 

За живот со малку магија секој ден…можеби и вие ќе решите да си направите дом од фантазијата.

Силвана Јованчева