Search for content, post, videos

Забавете го процесот на стареење на кожата…. внимавајте на следните правила

 

Постојат одредени нешта кои, ако ги правите редовно, можат да го забрзаат процесот на стареење на вашето лице. И некои од тие постапки можеби многу ќе ве изненадат кога ќе прочитате за нив…

Избегнувајте да пиете со цевка
Многу жени практикуваат да пијат со цевка, особено додека се на работа, со цел да го избегнат бришењето на карминот и обојувањето на забите од разните пијалаци, особено од кафето. Но пиењето со цевка предизвикува појава на брчки околу усните, што остава впечаток на прерано стареење на кожата на лицето. Значи, гледајќи долгорочно, ако често пиете со цевка резултат се брчки околу усните.

 

 

Вежбајте спиење на грб
Ако секоја вечер спиете на страна со лицето потпрено на перницата, со текот на годините тоа доведува до поголема количина брчки на лицето. Таквите брчки, поточно „линии од спиење“, со текот на времето се врежуваат на површината на кожата и веќе никогаш нема да се повлечат. Жените кои најчесто спијат на страна така што едната страна на лицето е притисната на перницата имаат поизразени брчки околу устата и брадата како и на образите.

 

 

Сокривајте го лицето кога патувате со авион
Кога патувате со авион сте многу поблиску до сонцето отколку кога сте на земја па затоа треба да се заштитите од сончевите зраци, кои се поинтензивни на повисоки надморски височини и кои продираат низ прозорците на авионот. Експертите оваа појава ја објаснуваат така што е забележан голем пораст на заболувања од меланома и други видови рак на кожата кај стјуардесите и пилотите. Освен тоа, во височините воздухот е многу посув и без влага што негативно влијае на кожата. За време на летот пијте многу вода, избегнувајте алкохол и солени јадења бидејќи тоа дополнително ја дехидрира кожата. Нанесете хидрантен крем со заштитен фактор 30тина минути пред летот. Ако седите крај прозорецот, спуштете ги ролетните.

Избегнувајте креми со штетни состојки

Изложеноста на кожата на лицето на некои штетни хемикалии може да предизвика повеќе штета отколку да ви помогне. Можеби ова ќе ве изненади, но многу креми во себе содржат состојки кои всушност го забрзуваат процесот на стареење на кожата. Затоа избегнувајте креми кои содржат парабен, минерални масла, парафин…. Кога купувате крем за лице, внимателно прочитајте го упатството и консултирајте се со вашиот дерматолог пред да почнете да експериментирате со некои нови производи.

 

Одржувајте здрава телесна тежина
Прекумерната тежина може да предизвика покачување на нивото на инсулинот, хормон кој се излачува со цел контрола на шеќерот во крвта и кортизол кој лошо влијае на колагенот. Освен тоа, зголемувањето и намалувањето на тежината оставаат свој данок на еластичноста на кожата. Одржувајте здрава телесна тежина со правилна исхрана и вежбање.