Search for content, post, videos

Заштитете се од комарци на природен начин

Секоја година комарците се вистинска досада и никој од нас не сака да го слуша нивното зуење во текот на ноќта, како и да ги почуствува на своја кожа нивните каснувања. Овие неколку совети ќе ви помогнат да користите природен и делотворен начин со кој ќе се заштитите од овие мали здодевни инсекти. Да се заштитите од комарците не е само поради незгодните каснувања и чувтсвото на чешање после каснувањето, туку и поради фактот што истите овие инсекти можат да пренесат заразни болести како што се: маларијата, жолтата грозница и други заразни болести. Дали сте знаеле дека постојат повеќе од три илјади видови на комарци. Различните видови комарци користат различни техники за пронаоѓање на храна (односно касање) и тие ги напаѓаат не само луѓето туку и другите цицачи, жаби и птици. Се прилагодуваат на сите климатски услови, живеат во тропските краеви, како и на арктикот. Поголемиот дел од комарците се активни во текот на самракот и во зората, но постојат и комарци кои бараат храна и касаат во текот на целиот ден. Различно реагираат на исти стимуланси и токму поради тоа ниедна техника на заштита не делува исто кај сите комарци. Поради тоа треба да се користат повеќе техники за заштита против каснувања од комарци, а истовремено да се бираат средства кои содржат повеќе состојки во нив.
Природни начини на заштита од комарци:
– Избегнувајте работи кои ги привлекуваат комарците – како што се темна облека и места каде има многу дрва и растенија со темни листови.
– Јаглен диоксид – нашето тело го ослободува јагленот диоксид кога ни е топло, кога се потиме. Светлата што светат, свеќи или оган се исто така извори на јаглен диоксид кои ги привлекуваат  комарците.
– Млечна киселина – нашето тело ослободува млечна киселина после солени јадења, а оваа киселина е магнет за комарците. Избегнувајте ја многу солената храна.
– Цветни и овошни мириси – малку кој знае дека овошните и цветните мириси многу ги привлекуваат комарците. Тука не станува збор само за парфемите, туку и за кремите за лице и за тело, шампоните, лакови за коса, козметиката што ја користите, сите тие содржат суптилни мириси кои ги привелкуваат комарците. Затоа кога престојувате на места каде што има комарци избегнувајте ја парфимираната козметика.
– Температурата на кожата – различните видови на комарци сакаат и различна температура на кожата, но како непишано правило е дека поладните делови од телото како што се ладни раце и нозе се попривлечни за комарците. Доколу може покривајте ги тие делови.
– Влагата – се знае дека комарците сакаат влага. Дури и најмала количина на вода како влажно цвеќе или  локва вода после дожд ги привлекуваат комарците. Отстоена вода е место каде се размножуваат комарците, затоа избегнувајте ги влажните места и одржувајте го вашето тело суво.
– Ветер – е ова е единственото нешто што комарците не го сакаат. Затоа за излет во природа одберете место на отворено каде дува ветерче и каде постојано има проветрување на воздухот. Ветерот ќе го намали бројот на комарците за 50%.
Природни мириси кои ги одбиваат комарците – лесно е да се направи природно средство за заштита од комарци. Природните средства ефикасно ќе ги одбијат комарците, но потребно е да ги нанесувате на секои 2 часа и во поголеми дози, отколку хемиските средства против комарци. Користете ги следните етерични масла за природна заштита од комарци: масло од цитрони, од лимонов еукалиптус(Eucalyptus Citriodora), етерично масло од цимет, рицинус, розмарин, лимонска трева(Lemongrass – Cymbopogon citratus), потоа етерично масло од кедар, гераниум, лаванда, лук и босилек кој успешно ги отстранува комарците. Затоа многу луѓе на своите балкони садат и одгледуваат босилек. Ако сепак се одлучите за хемиски средства против комарци се препорачува да се набават производи кои во себе содржат повеќе состојки, бидејки ќе бидат поефикасни во заштитата од комарците. Доколку пак ве каснат комарците, последицата е создавање на пликчиња кои непријатно чешаат. За да го ублажите чешањето и црвенилото на својата кожа мачкајте ги со масти на база на алое вера, камилица, прополис, невен, и раствор на сода бикарбона растопена во малку вода. Овие средства ќе ви го намалат непријатното чувство се додека дејството на каснувањето не помине. Меѓутоа не дозволувајте комарците да ви ги уништат убавите топли денови во кои треба да уживате.
Силвана Јованчева