Search for content, post, videos

Заздравете ги испуканите петици за една седмица

Доколку упорно се борите со проблемот испукани петици, суви и груби, пробајте некој од следниве домашни третмани кои сигурно ќе ви помогнат. Можеби ќе треба да бидете малку поупорна, но во секој случај не дозволувајте неподготвена да излезете од дома.
1. Кокосово масло
Едно од најефикасните решенија за испуканата кожа на петиците е кокосовото масло. По туширањето задолжително втријте кокосово масло на петиците, облечете чисти памучни чорапи и преспијте со нив.
Следното утро соблечете ги чорапите и измијте ги нозете. Повторувајте го третманот неколку вечери по ред, сe додека не бидете задоволна од резултатот кој наскоро ќе биде видлив.
2. Гел со ментол
На претходно убаво измиени и суви стапала нанесете кој било гел со ментол. Потоа облечете памучни чорапи и преспијте со нив. Повторете го третманот неколку дена по ред. Овој третман е особено добар и за оние кои имаат габички на стапалата.
3. Глицерин
Измешајте малку глицерин со сок од еден лимон. На смесата можете да i додадете и малку ружина водичка. Втријте ја смесата на стапалата и оставете да делува 20 минути. Потоа исплакнете со топла вода.
Постапката можете да повторувате секојдневно во текот на две седмици.