Search for content, post, videos

Здравје во главица ЛУК

Лукот латински познат како allium sativum е растение со многу јак вкус и мирис, растение кое е познато токму поради своите врвни кулинарски и медицински својства. Главната состојка на лукот е алицин, која состојка поседува чудесно-волшебни анти-бактериски, анти-вирусни, анти-егземски, анти-паразитски и антиоксидансни својства.  Лукот потекнува од централна Азија и тој е една од најстарите култивирани билки во светот кои се одгледуваат преку 5,000 години. Според некои записи се претпоставува дека Египетјаните први започнале да го одгледуваат и користат лукот и тоа како растение кое играло многу важна улога во нивната култура. Лукот кој Египетјаните го сметале за свето растение, пронајден е во гробниците на фараоните. Тие знаеле и за лековитите својства на ова растение, па затоа им го давале на робовите за да ја зголеми нивната сила и отпорност кон болести. За лековитите својства на лукот многу добро знаеле и древните Грци и Римјани, бидејки нивните атлети јаделе лук пред секој спортски натпревар. Пред да тргнат во војните грчките и римските војници конзумирале лук за да ја зголемат својата издржливост и отпорност од болестите. Подоцна лукот се проширил и во другите делови на светот. Во 6 (шести) век лукот се почесто почнува да се одгледува во Кина и Индија, каде е познат по своите големи терапевтски својства. Веќе стотина години е омилена билка на многу народи во светот, како поради својот вкус кој го има, така и заради лековитото дејство. Во последните неколку години лукот стекна многу голема популарност бидејки научните истражувања почнаа и официјално да ги потврдуваат неговите бројни медицински својства што ги има.

Како лукот влијае врз здравјето на луѓето – Поради својот единствен состав лукот поволно влијае на многу болести како што се вирусните и бактериските инфекции, артритис, кардиоваскуларните болести, болестите на дишните патишта, болестите на системот за варење, паразитите и има влијание кај хроничниот умор. Истражувањата покажуваат дека редовното користење на ова лековито растение доведува до регулирање на крвниот притисок, нивото на холестерол во организмот, како и шекерот во крвта. Разновидните студии кои се досега направени за лукот, исто така говорат дека лукот може да послужи како одлична превенција против многу видови на канцер.

На кои болести делува лукот – Кардиоваскуларните болести – според многуте истражувања на ова поле потврдуваат дека оваа билка игра важна улога во здравјето на нашиот кардиоваскуларен систем. Најголема добробит на лукот се состои во тоа што лукот ги штити крвните станици и садови од запаленија и оксидациски процеси. Оштететувањето на крвните садови   од високо реактивните слободни радикали е клучен фактор кој го зголемува ризикот од појава на болести на кардиоваскуларниот систем, вклучувајки инфаркт и артеросклероза. Оксидативното оштетување исто така доевдува до несакани воспаленија и оксидативен стрес, бидејки недостатокот на кислород доведува до запушување на крвните садови и протокот на крвта низ организмот. Уникатниот состав на лукот, кој содржи цела низа на сумпорни споеви, не штити од оскидативниот стрес и воспаленија. Лукот ги содржи следните супстанци : аллинин, алицин, аликсин, алил полисулфати, диалил сулфат, диалил трисулфат, Н-ацетилин и на крај thiacremonone. Лукот исто така влијае и на нивото на триглицеридите и воопшто на холестеролот во крвта. Освен тоа што ги штити нашите крвни садови од запушување, лукот спречува и создавање на тромбови односно згрутчување на крвта, благодарение на посебната и единствена состојка која ја содржи во себе, а која се нарекува ајоен… Многу импресивна е способноста на лукот кај намалувањето на крвниот притисок. Се претпоставува дека алицинот кој се наоѓа  во состав на лукот ја блокира активноста на ангиотенсините, со што ја спречува несаканата контракција на крвните садови и растот на крвниот притисок. Лековитото делување на лукот на кардиоваскуларниот систем исто така е поврзано со високата содржина на витамин Ц, витамин Б6, селен и манган во себе.

Анти-воспалителни својстав на лукот – Нема само нашиот крвен систем корист од антивоспалителните својства на лукот. Досегашните истражувања  покажале дека лукот делува и на нашите коски, мускули и на системот за дишење. Сулфатите во составот на лукот ги покажуваат анти-ревматските својства. Со конзумирање на лукот има подобрување и кај воспаленијата кои се резултат на алергиите. Други истражувања укажуваат дека лукот успешно делува и на топењето на мастите во организмот, односно го спречува создавањето на лошиот холестерол  и негово сузбивање. Анти-бактериски и против воспалителни својства во историјата на медицината, анти бактериските и антивирусните својства на лукот се многу познати. Лукот е многу испитуван и во сите тие испитувања крајниот резултат е дека е докажано влијанието на лукот што го има врз сузбивањето на инфекциите кои се причинети од бактерии и вируси и не само тоа туку дека и неговото антимикробно делување ги вклучува и гливиците и паразитите. Токму состојката ајоен се покажала како посебно делотворна во лекувањето на кандидата. Неодамнешните истражувања го потврдија делувањето на лукот кај бактериите, посебно кај оние бактерии кои станале резиденти-отпорни на модерните антибиотици.

Превенција на рак – Истражувањата поврзани со лукот потврдуваат дека тој има значителни антиканцерогени својства. Се покажало дека со редовно конзумирање на поголема количина лук значајно се намалува ризикот од појава на многу видови на канцер. Додека пак умереното конзумирање на оваа намирница може да послужи за превенција на два вида на канцер – на бубрезите и на ректумот. Ваквата разлика помеѓу умерениот и зголемениот внес на лукот во организмот укажува на фактот дека поради ефикасна превенција на канцерот сепак е потребно да се конзумира поголема количина од оваа намирница која покрај сировиот лук, може да се најде и во облик на капсули или таблети од лук.

Практични совети

Како да се конзумира лукот… За да ги искористите лековитите потенцијали кои ги има лукот, најубаво е да се истолчи или ситно да се исецка и на тој начин се ослободуваат посебни ензими кои го претвораат алинот во алицин – состојка која е одговорна за лековитите својства на лукот. За да се ослободи максималната количина на алицин оставете ги истолчените и исецканите чешниња лук да отстојат 5 минути пред да ги јадете или спремате во јадењата.

Алергија – лукот го регулира имунитетот и спречува воспаленија кои се последица на алергиите. Зголемете го внесот на лук во организмот две или три недели пред почетокот на сезоната на алергии и ќе имате резултати во борбата против алергиите.

Кашлање – поради своите антибактериски својства лукот е одлично средство против кашлицата и ги ублажува инфекциите на респираторниот тракт.

Диајбетис– лукот исто така може да помогне и во регулацијата на шеќер во крвта. Се препорачува да се земаат 1-2 капсули дневно во подолг период или да се јаде 5-7 чешниња лук.

Холестерол– според истражувањата 600-900мг лук дневно можат да помогнат во намалувањето на холестеролот во крвта до 18%

Висок крвен притисок – луѓето кои земаат редовно поголема количина на лук во текот на 5 месеци успешно го контролираат својот крвен притисок, покажуваат последните истражувања направени за лукот. Препорачана количина е 900 мг лук дневно.

Забоболка – лукот има својство на аналгетик и анестетик и токму поради тоа својство помага и кај забоболката. Едноставно ставете истолчено чешне лук на болниот заб и болката се намалува. Меѓутоа посетата на стоматолог е неизбежна.

Брадавици – поради своите антимикробни својства лукот е одлично средство против брадавици и други кожни заболувања. Земете свеж лук и исечете го на пола и со врвот неколку секунди трлајте ја брадавицата. Повторвувате ја постапката секој ден пред спиење и ќе има ефекти во нивно отстранување. Ако осетите иритација или печење на кожата измијте со вода.

Што се однесува до нус појавите во однос на лукот повеќето луѓе немаат никакви проблеми во однос на конзумирањето на лукот. Лукот се покажал сигурен и во конзумирањето кај трудници и доилки. Кај доењето се покажало дека бебињата повеќе цицале млеко од мајки кои редовно користеле лук. Но сепак постои категорија на луѓе кои имаат чуствителен желудник и кај внесот на поголема количина на лук имаат непријатности и нелагодно чувство во желудник, кое поминува брзо. Непријатниот мирис кој го има лукот по неговото конзумирање сепак неможе да ја спречи неговата многу корисна функција во зачувувањето на здравјето на луѓето. Затоа јадете лук, за да бидете поотпорни и здрави.

Силвана Јованчева