Search for content, post, videos

Ајдучка трева – лек за сите болести

Присутна на територијата на целиот европски континент, ајдучката трева  расте на сончеви ливади и пасишта, во светли шуми, покрај патишта, до 2500 m надморска височина. Се одликува со широки листови распоредени во форма на розета и исправено стебло на кои се наредени мали листови на кратки стебленца, и цвет составен од ситни бели или светло жолти цветови.

Латинското име на ајдучката трева е поврзано со легендата за Ахил, кој ги открил нејзините лековити својства лечејќи ги раните на кралот Телефос. Во римско време, ајдучката трева симболично се поврзувала со спиењето, а кај старите Словени и Германци се сметала за магично растение. Како лековит дел од растението се користи надземниот горен дел од растението набран за време на цветањето. Ајдучката трева е богата со многу лековити состојки, од кои се издвојуваат горчливиот ахилеин и азуленот содржан во етеричното масло, како и лактоните, флавоноидите, фенолните киселини, кумарините, бетаините, потоа – салицилна, мравја, изовалеријанска киселина; смоли, инулин, фитостероли, калиумови соли; нитрати и фосфати, витамини А и Ц. Етеричното масло покажува силно антиоксидативно и антимикробно дејство, делувајќи подеднакво на бактериите и габите кои предизвикуваат инфекции. Наодите од полен на ајдучка трева во гробниците на неандерталците сведочат за неговата употреба како лековито растение уште во праисторијата. Ајдучката трева е кралица на билките, таа во старите книги за лековити растенија е запишана како„лек против сите болести”.  Ајдучката трева  може да се најде како бела (Achilea millefolium) и жолта (Achillea filipendulina). Ајдучката трева е една од највредните лековити билки. На нашите простори името го добила од некогашните „ајдуци“ кои своите рани ги лекувале со неа. Таа цвета во текот на целото лето, а се бере кога сонцето е најсилно, бидејќи тогаш има најмногу етерично масло. Етеричното масло се користи за подготовка на крема за сончање, бидејќи се покажало дека тоа истовремено ја штити и негува кожата. Многу е богато со танини, органски киселини, горчливи материи кои и даваат горчливо-ароматичен вкус, витамин К и Ц, смола, како и минералите калиум и натрум. Официјалната медицина докажала дека екстракт од листот го забавува развојот на патогени бактерии, бидејќи танинот и етеричното масло спречуваат загнојување на рани и придонесуваат за побрзо зараснување и ублажување на болките. Поволно влијае на органите за варење, делува на коскената срцевина и го поттикнува создавањето на црвени крвни зрнца, го запира крвавењето од белите дробови, има благо седативно дејство, делува како антисептик и аналгетик, анксиозност, гастритис, грчеви во стомакот, недостаток на апетит, нервоза, несоница, зголемен крвен притисок (делува како диуретик), шеќерна болест, хемороиди (поради витаминот Ц кој го содржи), ревматизам. Облогите и купките помагаат кај брадавици, испукани раце, осип, отворени рани, псоријаза, исеченици и изгореници, кожни болести. Калиумот кој се наоѓа во оваа билка помага во работата на бубрезите, срцето и крвотокот, помага кај болести на црниот дроб и жолчката, затоа што ја прочистува крвта, чај од ајдучка трева се користел како народен лек кај жени кои имале проблеми со менструалниот циклус и цисти на јајниците. Во народната медицина ајдучката треба зазема посебно место во лекувањето на неправилни и нередновни менструации кај младите жени и отстранување на непријатните симптоми во климаксот. Една шоља чај од ајдучка трева дневно, доволна е да ги ублажи или отстрани симптомите од кои страдаат голем број на жени.

Вино од ајдучка трева за подобар стомак – истолчете 120 гр. цветови од ајдучка трева, ставете ги во шише со 1 ½ литар суво бело вино и оставете ги затворени да отстојат 1 месец на темно место. Потоа исцедете ги и ставете во темно шише. Ова вино ја подобрува дигестијата, ги отстранува стомачните грчеви и надуеноста. Се зема по 15 мл. пред јадење.

Чај од ајдучка трева – Цветовите, листовите и стеблото на ајдучката трева може да се користат за правење на чај за лекување на благи респираторни инфекции, покачена температура, гребнатинки и оспи на кожата. Чајот од ајдучка трева некогаш бил популарен домашен лек за настинки и грип. При подготовка на чај може да се користи свежа или сушена ајдучка трева. Потребни состојки: – 1 лажичка сува ајдучка трева (или 3 свежи цветови), 200 мл вода, ½ лажица свеж сок од лимон, 1 лажичка шеќер или мед. Во сад на оган ставете ја водата да зоврие, па ставете ја ајдучката трева, садот поклопете го и оставете го да отстои 10 минути. Потоа процедете, а по желба засладете го и додадете свеж сок од лимон. Се препорачува да се консумира додека е топол! Не се препорачува за чувствителни лица (кои се алергични на оваа билка) и за бремени жени и доилки. Една чаша чај од ајдучка трева дневно, доволна е да ги ублажи или отстрани симптомите од кои страдаат голем број на жени.

Купка од ајдучка трева100 грама ајдучка трева ( цела билка ) да се остави цела ноќ да биде во студена вода, наредниот ден затоплувајте ја водата со ајдучката трева додека не проврие, а потоа додадете ја во водата за капење.

С.Ј.