Search for content, post, videos

Анансон – дава младост

АНАСОН – Чајот од анасон има многу здравствени придобивки. Семето од анасон се користи и за кулинарски и за медицински цели. Семето од анасон се користи уште од антиката.  Во Египет легендата вели дека пијалок од анасон дава младост. Денес, анасонот е популарен во целиот свет, но особено е застапен во земјите од Блискиот Исток. Семето на ова растение се користи како лек, а од нив се подготвува и чај од анасон. Анасон (лат. Pimpinella anisum) е едногодишно растение. Првите записи за анасонот се најдени на територијата на Западниот Медитеран, како и на островот Крит, а денес анасон расте насекаде низ светот. Анасонот обично цвета во јуни и јули, а зрелите семиња се берат во август. Чајот од анасон содржи многу хранливи материи и се користи за подобро варење на храната, ги ублажува менструалните болки, симптомите на менопаузата и го намалува воспалението во организмот. Во подготовката на чајот се користат семиња и листови. Во една чаша ставете една лажица свежо семе од анасон и прелијте го со зовриена вода. Оставете ја оваа течност да отстои околу 10 минути, а потоа процедете ја. Пијте и бидете здрави. Анасон за слабеење. – Ако џвакате свежо или суво семе од анасон, вашиот апетит значително ќе се намали. Покрај тоа, семето ќе  ги отстрани вишокот на течности од телото. Анасонот го зајакнува организмот, ја подобрува работата на црниот дроб и панкреасот, помага во обработката на мастите и шеќерот. Имајќи слатка и зачинета пријатна арома, чајот од анасон помага да се опушти нервниот систем и да се смири. Бидете здрави и смирени.