Search for content, post, videos

Бозел – лековитата кралица на грмушките

Бозелот обично расте на сончеви шумски чистини, шумски рабови и во светли шуми во Европа, Африка и Азија како грмушка или ниско дрво. Кората на дрвото е сиво-кафеава и испукана, младите гранчиња се зелени со впечатливи бели или жолтеникави цветови, со силен мирис. Листовите се чудно шилести. Плодот е сјајно, црно-виолетово тркалезно камче со црвен сок. Заедно со камилицата, една е од најстарите лековити билки. Докази за неговата употреба се пронајдени во археолошки локалитети кои датираат од камено и бронзено време.  Теофраст бил меѓу првите што го опишал во своите списи, додека Диоскорид во своите дела споменува многу начини на неговата примена за лекување.

Бозел – корисен и многу ефикасен. Речиси сите делови од бозелот се користат како лековити: пупките и младите листови се собираат пред да процветаат во април и мај; на сончево и суво време се собираат и цветовите,  додека внатрешниот дел од кората на коренот се собира во зимски период (во октомври, ноември, февруари и март). Плодовите се собираат по созревањето, во текот на месец септември. Листовите и пупките собрани во пролетта содржат значителни количини на емулин, инвертин, калиум нитрат, сахароза и самбуцин. Активните состојки го стимулираат излачувањето на пот и урина, па затоа се препорачува негова употреба при отоци предизвикани од проблеми со бубрезите или како помош во почетните фази на дијабетес. Цветовите се богати со есенцијално масло, холин, самбунигрин, шеќери, флавоноиди, фенолни киселини, јаболкова и валеринска киселина, минерали и сапонини. Сапонините ја поттикнуваат работата на потните жлезди, па затоа чајот од бозел се препорачува при настинки, кашлица и бронхитис, почетна пневмонија и туберкулоза, астма и ревматски заболувања, додека флавоноидите покажуваат антиоксидантно дејство. Внатрешниот дел од кората, гранките и корените, содржи смола која има лаксативно дејство, па затоа често се користи во народната медицина за проблеми со запек и тврда столица. Зрелите плодови содржат јаболкова, валеријана и танинска киселина, танини, антоцијани, флавоноиди, каротини, монотерпени, тритерпени, фитостероли, масни киселини, каиумови соли, железо и калциум, горчливи состојки, есенцијално масло, шеќер, восок, смола и витамини Б1, Б2, Ц.  Цветот содржи 1-3% флавоноиди, гликозид самбунигрин, есенцијално масло, хлорогена киселина, тритерпени и танини. Плодот на бозелот содржи антоцијани гликозиди, шеќери, витамини Ц, А и Б. Свежиот сок од бобинки може да предизвика гадење, повраќање и дијареа, затоа никогаш не треба да се користи во свежа форма, туку само варен. Бројните активни состојки присутни во сокот од бозел имаат корисен ефект врз ублажување на воспаление на нервите, невралгија, лумбаго и регулирање на циркулацијата. За намалување на треската се препорачува употреба на чај од цветовите на бозелот или од внатрешниот дел од кората бидејќи тие го поттикнуваат потењето. Поволно делуваат и на ублажување на воспалението на дишните патишта, настинки, грип, синузитис и бронхитис. Се користи во мешавини од чаеви за „чистење на крвта“ поради нивното диуретично и лаксативно дејство, како и за регулирање на варењето на храната, а се честа состојка и во мешавините од чај за слабеење. Цветниот чај се препорачува за гаргара, за ублажување на иритацијата на слузокожата на устата и грлото или во форма на лосиони за кожни проблеми и егзема. Во народната медицина коренот варен во вино се препорачува за ублажување на болки, а свежите листови варени во млеко се користат за изгореници и за запирање на крварење од хемороиди. Се верува дека мармаладот од плодовите на бозел ги елиминира нервните проблеми и го олеснува заспивањето. Благиот чај од цветовите на бозел може да се користи во вид на капки за уши бидејќи ја ублажува болката и воспалението, а плакнењето на забите со топол чај ја ублажува забоболката. Варениот сок од суво грозје измешан со сок од бозел, шеќер и каранфилче, ја ублажува настинката, кашлицата, грипот и бронхитисот. Виното од бозел е традиционален народен медицински напиток кој се користи како средство за зајакнување на физичкиот и психичкиот напор бидејќи ја регулира столицата, ја чисти крвта, ги смирува грчевите, го поттикнува апетитот и ја поттикнува циркулацијата. Традиционалната употреба на цветот од бозел како средство за намалување на треската и диуретиците е потврдена во современите научни истражувања.  Екстрактите од цвеќињата и плодовите на бозел се покажале како ефикасни во лекувањето на одредени болнички инфекции предизвикани од бактерии отпорни на антибиотици. Кај зголемена телесна тежина, активните состојки присутни во цветовите на бозел помагаат во чистењето и ослободувањето на токсините, а експериментите покажале корисен ефект за ублажување на ревматски заболувања, болки во зглобовите и артроза, како и стимулирање на имунолошкиот одговор во случај на инфекција. Плодовите од бозел се богати со антоцијани – соединенија со изразено антиоксидативно дејство кои спречуваат појава на слободни радикали и создавање на нови крвни садови во ткивото на туморот.

Начин на подготовка и употреба на чајот: Две лажички цветови од бозел се прелеваат со 1 чаша (200 ml) врела вода. Покријте го садот и оставете да отстои 10 минути. Процедете и пијте по една чаша чај од бозел три пати на ден.

С.Ј.