Search for content, post, videos

Чај од жалфија – многу лековит, ако се користи правилно

Против кардиоваскуларни заболувања и заболувања на црниот дроб, болки во грбот, воспаление на уринарниот тракт. Жалфијата е ливадско растение кое расте на камени места во форма на грмушка, но од неодамна се повеќе се одгледува во градините поради есенцијалното масло. Се користи само листот жалфија, кој во мај содржи најголема количина на лековити материи. Содржи есенцијално масло. Листовите жалфија се богати со: железо, калциум, витамин А, витамин Б комплекс, бета-каротин, алкалоиди, смола, олеинска киселина, парадифенол, танин, флаваноиди, фенолна киселина, јаглени хидрати, протеини, целулоза.

*Чај од жалфија за внатрешна употреба

Состојки: 2 dl вода; лажичка сув жалфија. Подготовка и употреба: Се вари водата додека не зоврие. Се истура жалфија и се остава да се вари уште 2 минути. Тргнете ја тавата од оган и покријте ја. Оставете да отстои 15 минути. Процедете го чајот и пијте го 3 пати на ден. Ако се користи како лек за ноќно потење, треба да се пие кога ќе се излади. Може да се користи и за инхалација.

*Чај од жалфија за плакнење на устата и грлото

Состојки: 5 dl вода; 3 супени лажици жалфија. Подготовка и употреба: Жалфијата прелијте ја со врела вода. Покријте го садот и почекајте 30 минути. После тоа време, процедете го чајот и со него исплакнете ја устата неколку пати на ден.

*Чај од жалфија, бел слез, камилица и маточина за подобро варење

Состојки: 5 dl вода; 40 гр жалфија; 40 гр лисја од бел слез; 10 грама камилица; 10 гр мелиса. Подготовка и употреба: Три лажици од смесата прелијте ги со ладна вода, оставете да отстои три часа. Загрејте ја водата и смесата додека не зоврие и варете уште 5 минути. Испијте една чаша пред главните оброци.

*Чај од жалфија против воспаление на уринарниот тракт

Состојки: 5 dl вода; 50 гр жалфија; 50 гр лисја од бреза; 50 гр цвеќиња од бел слез; 50 гр расавич. Подготовка и употреба: Прелијте со топла вода со три лажици од смесата. Оставете да отстои преку ноќ. Процедете и пијте во текот на денот наместо вода.

*Бојсов чај – чај против кардиоваскуларни заболувања, малигни заболувања, заболувања на црниот дроб и болки во грбот

Состојки: 5 dl вода; 1 лажица жалфија; 1 лажичка нане; 1 лажичка маточина; 1 лажичка кантарион. Подготовка и употреба: Жалфијата се става во врела вода и се вари уште 3 минути.Се трга од оган и се додава нане, маточина и кантарион. Процедете го чајот и испијте ја едната половина наутро, а другата навечер пред спиење.

*Чај од жалфија за надворешна употреба

Состојки: 4 dl вода; 4 лажици жалфија. Подготовка и употреба: Сварете вода и прелијте ја со жалфија. Почекајте 10-15 минути и процедете го чајот. Кога ќе се олади, направете лапа и ставете на болни места. Облогите може да се мешаат со ракија. Добри се за проширени вени, воспалени места на кожата итн.

 

*Чај од жалфија против седа коса

Состојки:  1 l вода; чаша сува жалфија; 2 лажици руски чај. Подготовка и употреба: Во водата се додаваат чаевите и се варат 30 минути. Оставете го да отстои 5-6 часа, а потоа нанесете го на седата коса. Во почетокот чајот се користи еднаш неделно, па еднаш месечно. Косата се суши природно.

Не се препорачува чај од жалфија: на мали деца поради високата концентрација на невротоксини;  трудници бидејќи доведува до силни контракции на матката; на мајки кои дојат бидејќи може да го запре производството на млеко за време на доењето; луѓе кои страдаат од епилепсија;  дијабетичари; и на луѓе кои имаат проблеми со бубрезите. Иако е здрав, со овој чај не треба да се претерува.

С.Ј.