Search for content, post, videos

Чувар куќа – чувар на вашето здравје

Речиси и да нема куќа во која не може да се најде ова прекрасно растение кое освен што го разубавува просторот за живеење, помага и при низа здравствени проблеми. Прекрасното растение чувар куќа расте насекаде: на карпи, покриви, дворови, во куќата во саксии. Не бара многу, а дава многу, му треба само сонце. Ефикасно е за разни проблеми со кожата кога се користи надворешно, но многу е делотворно и кога се внесува во организмот. Освен што е делотворно за имунитетот, неговите свежо мелени листови или свежо исцедениот сок, поволно делуваат на брадавици, чиреви, рани и изгореници, дамки од сонце, како и болни места предизвикани од гихт или каснување од инсекти. Докажано е дека чувар куќа особено е ефикасно кога се комбинира со мед, за зајакнување на имунитетот и чистење на цистите во организмот. Исечкајте 300 гр. свежи листови од чувар куќа и измешајте со 500 гр мед, ставете во тегла, поклопете, завиткајте во фолија и чувајте во фрижидер. Секое утро, половина час пред појадок и кафе земете по една лажица, а исто така се препорачува половина час после овој еликсир ништо да не јадете или пиете. Оваа одлична мешавина го поттикнува и исфрлањето на токсините од телото. Чувар куќа е познато по своите бројни благотворни ефекти, пред се поради изобилството на витамини А и Ц во неговиот состав и јаболковата и мравја киселина. Има силно антисептично дејство, како и бројни други материи кои го зајакнуваат организмот во одбрана од болести и инфекции. Освен тоа содржи танин, растителна влакна, масло, смола, калциум. Затоа и не е чудно што се користи во рецептите за многу народни лекови. Најпознат е по употребата кај инфекции на увото, кога се капе малку свеж сок од чувар куќа во увото, а ефикасен е и при дијареа, воспалителни процеси на уринарните канали како смирувачки агенс, за зајакнување на имунитетот. Сепак, малку е познато дека чувар куќа е растение кое прави чуда за здравјето на жените. Се покажа како одлично помагало за фиброиди, полицистични јајници, полипи, болни и тешки менструални тегоби. Моќниот чај од чувар куќа помага при воспаленија, фиброиди, хемороиди и цисти.  Чај од чувар куќа – Состојки: 10 грама свежи листови од чувар куќа и 250 милилитри вода. Подготовка: потопете ги листовите во вода и варете околу 15 минути. Потоа оставете покриено максимум пет минути, процедете и оставете да се излади. Пијте по една чаша наутро на празен стомак, а потоа во текот на денот пијте по една лажица на секој час. Чувајте го вашето здравје.

С.Ј.