Search for content, post, videos

Цреши – против ревматизам, целулит и брчки

Колку убаво, повторно е сезона на цреши. Убави црвени, тие се „природен лек од дрво“ – затоа што помагаат против ревматизам. Списокот на супстанции кои се содржат во црешите е долг: витамин Ц за имунолошкиот систем, фолна киселина за срцето и крвотокот, калциум за коските и железо за крвта. Сепак, највредни од сите се растителните бои на црешите, таканаречените антоцијанидини. Темните цреши содржат повеќе бои, тие се поздрави. Црешите го намалуваат нивото на урична киселина и лекуваат воспаленија. Антоцијаните имаат и козметички ефект. Тие го зајакнуваат сврзното ткиво и ги спречуваат брчките со уништување на штетните ензими кои ја прават кожата стара и збрчкана. Црешата е природен лек против целулитот бидејќи може да го спречи неговото формирање. Со помош на заштитни киселини и овошен шеќер ја поттикнуваат работата на желудникот, цревата и панкреасот и на тој начин го поттикнуваат варењето. За тоа придонесува и богатиот дел на баласт материјали. Црешите исфрлаат вода и затоа го олеснуваат срцето и крвотокот, ги активираат црниот дроб и бубрезите. Покрај тоа, бактериолошките материи во црешите го спречуваат создавањето на дентален плак и на тој начин можат да спречат кариес и проблеми со непцата.

Чај од цреша:  Научниците од Институтот во Мичиген тврдат дека црешите имаат исклучително антиинфективно дејство, можат да ги ублажат болките од артритис и се извор на антиоксиданси и мелантонин, кои можат да ги забават ефектите од стареењето, а корисни се и во борбата против ракот и срцевите заболувања.

Цреши наместо аспирин: Дваесет цреши имаат 10 пати посилно дејство од аспиринот и уште една добра вест е што не го иритираат желудникот. Тие се богати со важни флавоноиди изокерцин и кверцин, кои се најсилните антиканцерогени материи. Црешите се одличен извор на бор, кој во комбинација со калциум и магнезиум поволно делува на здравјето на коските и нивната густина. Тие, исто така, ја намалуваат болката во зглобовите која често се јавува кај луѓе кои имаат проблеми со артритис. Сепак, треба да знаете дека црешите не треба да се јадат пред ручек бидејќи можат да го забават лачењето на дигестивните сокови што особено го отежнува варењето на месото. После јадење на цреши, не треба да пиете вода, а посебено пиво или алкохолни пијалоци. Црешите содржат многу витамин А, некои витамини Б1, Б2, Б3 и Б6 и околу осум милиграми витамин Ц, протеини, јаглени хидрати и масти. Црешите имаат значително повеќе пигментирани соединенија кои се богати со антиоксиданси. Црешите содржат и фолна киселина, калциум, калиум, железо, магнезиум и цинк.

Цреша во медицината: Лушпата од стебленца од цреши долго време се користи како моќен диуретик кој помага при проблеми со притисокот, вишок вода во организмот и болести на бубрезите. Во народната медицина се користат речиси сите делови на црешата, од смола и кора, преку листовите, стеблата, костените и самиот плод. Нејзини главни карактеристики се силни антиинфламаторни, диуретични и антиоксидантни ефекти. Најновите наоди на модерната наука открија некои механизми на дејство на супстанции како што е елагичната киселина, кои во големи количини ги има во црешите, вишните, јагодите и малините. Токму оваа хемикалија се смета за моќен антиоксиданс кој го спречува оштетувањето на клеточната ДНК и на тој начин ги намалува шансите за рак. Црешата како природен лек: Против болести на бубрезите и уринарниот тракт: се препорачува чај од цреши. Една шака стебленца од цреши варете ги во еден литар вода две минути (од моментот кога водата ќе зоврие), оставете да отстои малку, процедете и пијте го чајот незасладен повремено во голтки во текот на денот. За отстранување на физичка и ментална исцрпеност: јадете 250 гр цреши три пати на ден. Против камен во бубрег: една лажичка стебленца од цреши прелијте со 200 гр вода или млеко и варете 1 до 2 минути, оставете покриено 5 минути, па процедете и пијте три пати на ден. Против ревматизам: осум дена пијте по една чаша свеж сок од цреши три пати на ден. Против срцеви пореметувања: сомелете 25 гр. семки од цреши и ставете ги во 100 гр. Јака домашна ракија, оставете да отстои 10 дена на умерена температура, процедете и пијте 5 капки од овој раствот два пати на ден.

С.Ј.