Search for content, post, videos

Енергетски пијалоци и нуспојави за кои треба да се знае

Лименка енергетски пијалок е популарен начин да се добие неопходната енергија кога едноставно немате време за спиење. За жал цената за дополнителните три или четири часа активност е превисока. Дури и природните енергетски напитоци нанесуваат штета на нашиот организам.

Што претстауваат енергетските напитоци…

Енергетскиот напиток е безалкохолен пијалок кој според тврдењата на производителите, моментално ја зголемува енергијата во организмот. Постојат неколку истражувања кои потврдуваат дека енергетските напитоци навистина за реалативно кратко време ја зголемуваат менталната способност, будност и физичката издржливост. Енергијата во овој енергетски пијалок не се ослободува како резултат на согорувањата на калории, туку поради стимулансите и витамините кои ги содржи во себе. Енергетските напитоци обично содржат ксантини, вклучувајќи и кофеин, газирана вода, таурин, Б витамини и некои ратсенија-билки. Вообичаените состојки се гуарана, херба мате, акаи, женшен и гинко билбоа. Понекогаш во енергетските напитоци се додава малтодекстрин, иноситол, карнитин и креатин. Некои енергетски напитоци содржат шеќер, додека други шеќерот го заменуваат со вештачки засладувачи. Незаменлива состојка на енергетските напитоци е кофеинот, често од гуараната, а овие напитоци содржат три повеќе кофеин од кафето и кока колата.

Зошто се штетни…и покрај тоа што една доза од овој енергетски напиток нема сериозно да ви наштети, но повеќе од тоа, две или три лименки дневно веќе штетно делуваат на организмот, предизвикувајќи аритмија, несоница, мачнина, нервоза, дехидрација и болка во желудникот. Посебно се многу штетни кога се користат заедно со алкохол. Енергетските пијалоци ги исцрпуваат енергетските залихи на организмот. Своето енергетско делување овие напитоци го должат на синтетичкиот кофеин, теобромин и теофилин кои ги содржат. Овие синтетички стимуланси придонесуваат за создавање на адреналин кој ја забрзува работата на срцето и циркулацијата на крвта. Дотекот на крвта во мозокот се зголемува и почнувате да се чуствувате поведро и посвежо. Но, оваа дополнителна енергија не доаѓа однадвор, туку се црпе од организмот. Ваквото “освежување“ подоцна не чини многу бидејќи доведува до уште поголем замор, апатија и несоница. Редовното земање на енергетски напитоци може да ги исцрпи надбубрежните жлезди и да предизвика болест која е позната како адреналински замор.

Енергетските напитоци создаваат зависност – како и другите стимуланси и енергетските напитоци создаваат зависности. Многу корисници на овие напитоци наскоро стануваат нивни заложници и зависат од нив. Без својата дневна доза од енергетски пијалок лицето ќе се чуствува нерасположено и многу нервозно. Овие напитоци ги оштетуваат внатрешните органи, имаат штетно дејство на срцето, крвниот систем, желудникот и црниот дроб.

– Кардиоваскуларниот систем често пати реагира на “вметнатата енергија“ со аритмија, брза промена на крвниот притисок и тахикардија.

– Желудникот реагира поради јаглениот диоксид кој го зголемува создавањето на желудечен сок и киселост, кои пак штетат на гастроинтестиналниот тракт.

– Убавиот вкус, боја и арома на енергетските напитоци создадени со помош на хемиските состојки се исто така штетни за организмот, посебно целата таа хемија го оштетува црниот дроб. Токму поради сите овие негативни влијание се препорачува дури и на здрави лица да бидат внимателни со земањето на енергетските напитоци, а не станува збор за тоа дека за енергетските напитоци нема место за конзумирање кај адолесцентите.

Дали природните енергетски напитоци се подобри од вештачките? Многуте производители на додатоците во исхраната одлучиле да го следат трендот на здрава исхрана и започнале со производство на природни “здрави“ енергетски напитоци, кои содржат таурин, гуарана, алое вера, глутамин, витамини од групата Б, регулатори на киселост, женшен и витамин Ц. Меѓутоа треба да се внимава, иако се природни, ваквите енергетски напитоци содржат исто толку кофеин и делуваат како стимуланси врз организмот, што значи дека исто ги ослободуваат залихите на енергија кои се резервирани во организмот. После периодот на активност и еуфорија доаѓа период на пад на енергијата и концентрацијата. Долготрајното конзумирање ма енергетските напитоци го исцрпуваат организмот, нанесуваат штета на кардиоваскуларниот систем и предизвикуваат предвремено стареење.

Наместо енергетски напитоци ако сте уморни, а немате можност да отспиете, пробајте со следново: лесни вежби, вежбајте околу 15 минути за да ја вратите енергијата и концентрацијата. Краток одмор, седнете во убава положба, затворете ги очите и одморете 10 минути дишејќи длабоко. Ладен туш секако ќе ви ја врати енергијата и расположението. Излезете надвор на свеж воздух и прошетајте. Јадете храна која дава енергија, јадете овошје и зеленчук и многу житарици и пијте вода, многу вода, тоа ќе ви го освежи организмот и врати енергијата.

Сите древни медицински традиции во светот говорат за важноста на енергетскиот баланс во организмот. Од овој баланс зависи нашето физичко и емоционално здравје. Нашето тело ни дава до знаење што и кога треба да работиме. Ако сме уморни значи дека дошло време време да се одмориме и да ги обновиме нашите залихи на енергија. Земањето на енергетски напитоци ја пореметува оваа природна рамнотежа, што долгорочно може да резултира со проблеми на психичко и физичко ниво. Размислете што ќе користите. Меѓутоа размислете и за тоа дека треба да издвоите повеќе време за спиење, бидејќи сонот неможе да го замени ништо.

Силвана