Search for content, post, videos

 Гавез – лековито растение

Ги ублажува болките, ревматизмот, лечи рани, лекува нерви, против воспаление на вените. Гавезот е лек кој помага во лекувањето на ревматски болки, исчашувања, гихт, па дури и фрактури на коските. Гавез (Symphytum officinale), воловски јазик, црн корен или врана, се само неколку од многуте имиња како што луѓето го нарекуваат ова растение, кое е многу популарно уште од античките времиња. За многу приврзаници на народната медицина тој претставува еден од најскапоцените видови лековити растенија. Гавезот расте низ цела Централна Европа на влажни места и цвета во текот на летото. Цветовите се розови, виолетови, ретко бели во форма на кратки соцвети. Цвета во текот на летото, а свежото растение најдобро е да се бере за време на цветањето. Коренот и листовите се собираат во пролет или есен, а се користат свежи или сушени. Лековитите антиинфламаторни и аналгетски дејства на гавезот се потврдени во многу клинички студии. Листовите содржат каротин, алкалоиди, калиум и витамин Ц. Коренот содржи танини, слуз, скроб, алантоин, инулин, холин, тритерпени и алкалоиди. Содржи и танини, гликозиди, смола, есенцијално масло и аспарагин и алантоинот, кој е главната активна супстанција со силна способност да го стимулира растот на клетките во коските, сврзното и поткожното ткиво. Иако постои традиција за подготвување на чаеви и тинктури со сушен корен или лисја од гавез, поради некои состојки што ги содржи, истражувањата потврдиле одредени ризици кога се користи внатрешно (особено негативни последици поврзани со црниот дроб и белите дробови), па денес е најбезбедно да се користи само за надворешна употреба како маст. Затоа користете го гавезот во вид на маст за надворешна употреба. Се нанесува со едноставно втривање во кожата, а при нанесување добро е да се масира болното место. Многу е важно маста да не се нанесува на отворени рани и оштетени делови од кожата, туку само на болни и отечени места два пати на ден. Маст од гавес – Ситно исечкајте 4 – 6 свежи, измиени корења, во зависност од големината и пропржете ги во 250 гр домашна маст, оставете да отстои преку ноќ, загрејте го следниот ден, процедете го преку крпа, наполнете во чисти мали теглички и чувајте ги во фрижидер. Вака подготвената маст не смее да се користи на оштетена кожа и отворени рани. Должината на примената е исто така ограничена, па затоа се советува да престанете да ја користите локално маста по 5 недели од лекувањето на повредата. Ако веќе не сте го направиле, пробајте го ова лековито растение и уверете се во моќта на природната маст од гавез!