Search for content, post, videos

Храна која ја лекува анемијата

Анемијата се лекува и со храна која ја подобрува апсорпцијата на железото. Црвените крвни зрнца содржат хемоглобин, протеин богат со железо кој помага во транспортот на кислород низ телото. Ниското ниво на железо во телото е причина за анемија – состојба кога лицето нема доволно здрави црвени крвни зрнца за да го пренесе кислородот низ телесните ткива. Анемијата се дијагностицира кога телото нема доволно железо. Лекар препишува терапија за лекување, но и храната може многу да помогне. Постојат различни видови на анемија и методи на лекување – Анемијата и дефицитот на железо обично се развиваат со текот на времето, кога внесот на железо во организмот е мал. Препорачаната дневна доза на железо за лице со анемија е 100-200 mg, но важно е да се напомене дека оваа количина е поголема од онаа што може да ја внесе лицето во телото преку храна или со додавање на некои мултивитамини. Постојат различни видови на анемија и секој бара различни методи на лекување. Во секој случај, анемичното лице треба да добие точна дијагноза од својот лекар, која е утврдена со тест на крвта, за да се обезбеди соодветен метод на лекување. Вообичаено, медицинското или елементарното железо се препишува за лекување на анемија, а секој може да го зголеми внесот на железо преку храна и пијалоци.  Симптоми на анемија – симптомите на анемија може да се движат од благи до тешки. Иако луѓето со блага анемија може да немаат симптоми, луѓето со потешка анемија може да ги доживеат следните состојби: замор, вртоглавица, главоболка, отежнато дишење, општа слабост, бледа кожа, кршливи нокти, ладни стапала и раце, болка во градите. Природни начини за внесување железо – Железо го има во рибата и сите видови месо, во храната од растително потекло (овошје, зеленчук, житарки). Железото од растенијата полесно се апсорбира во телото, затоа лицето на кое му е дијагностицирана анемија може да користи растителни извори кои содржат високи количини на железо и витамин Ц за подготвување пијалоци кои можат да го зголемат внесот на железо во телото. Меѓу намирниците кои најдобро го апсорбираат железото се витаминот Ц (портокал, грејпфрут, киви), јагоди, спанаќ, кељ, аспарагус, сливи. Витаминот Ц ја поддржува апсорпцијата на железото – Истражувањата покажаа дека зголемувањето на внесот на витамин Ц на лице со анемија може да му помогне на телото да апсорбира повеќе железо. Во оваа прилика, експертите препорачуваат правење сокови т.н. смути пијалоци од намирници кои ја обезбедуваат потребната доза на витамин Ц. На пример, портокал од 180 g содржи 95,8 милиграми витамин Ц, а исто толку грејпфрут содржи 56,2 mg од тој витамин. Кивито е овошје богато со хранливи материи и витамин Ц. Исто така е добар извор на витамин Е, влакна, калиум и фолати. Околу 180 g киви содржи 134 mg витамин Ц. Овие продукти може да се користат за правење пијалоци како што се: смути од портокал за зајакнување на имунитетот, смути од грејпфрут, зелено смути од грејпфрут, смути од грејпфрут и јагоди, пијалак од зелени киви, лесно смути со киви од банана. Храна богата со железо – Јагодите содржат витамин Ц, калиум и фолна киселина, а 180 гр сирови јагоди содржат 88,2 mg витамин Ц. Спанаќот и другите темнозелени зеленчуци, како што се зелката и брокулата, се добри извори на железо. Околу 3 чаши или 85 g спанаќ содржи 2 mg железо. Кељот содржи приближно 1,59 mg железо на 100 g. Од него може да се направат и пијалоци или да се користат како додаток во други густи сокови. Обично се препорачува да се комбинира зелениот зеленчук со овошје за пијалокот да биде посладок и повкусен. Аспарагусот е зеленчук кој содржи витамини А и Ц и влакна, а 85 g аспарагус содржи 2 mg железо. Во исхраната треба да се внесат и сливи. Тие се добар извор на влакна, калиум и витамин К, а половина чаша сливи содржи 1,9 mg железо. Треба да се јадат и дудинки белии или црни, а околу 100 гр дудинки содржат 1,85 мг железо. Сувите кајсии се извор на витамин А и калиум, а 40 g или пет суви кајсии содржат 1,08 mg железо. Природните сокови од овошје и зеленчук може да се додадат во подготвените пијалоци, но може да се пијат и сами, како дополнителен извор на железо и витамин Ц. Придржувањето кон диета со висока содржина на железо може да помогне и при анемија, а храната богата со овој минерал се: месо како јагнешко и говедско, црн дроб, пилешко, патка, риба, школки, сардина, зелени мешунки, грав е богат со железо, житарки, леб и тестенини. Јадете храна богата со железо, за да ја победите анемијата.

С.Ј.