Search for content, post, videos

Храна за топли денови

Најдобра препорака за летна исхрана – Летото е во својот најголем ек и сега можеме да направиме отстапки во однос на храната која ја јадеме. Секогаш се поставува прашањето “која храна е најдобра за топлите летни денови?… Можеме ли да направиме нешто за да се чувствуваме летото поубаво и полесно да ги поденсуваме топлите летни денови?“  Одговорот што слдеува гласи: свртете се кон летниот начин на исхрана и користете ги оние намирници кои ќе се однесуваат добро кон вашиот организам.

Годишните времиња секогаш делуваат на чувствителната рамнотежа внатре во нашиот организам. Тоа влијание може да го ублажите со промена на животните навики и исхраната.  Летно време сонцето со сета своја сила ја загрева земјата, се зголемуваат температурите, испарувањата и се создава многу топлина и сув воздух. Од таа причина најубаво е летно време да се јаде помалку, а повеќе пати дневно со многу течности. Храна која е најдобра за топлите денови треба да е богата со магнезиум, јод, железо, нијацин и тимијан, храна која ќе го разбуди организмот. Јадете блага, влажна, ладна и течна храна како што се млечните производи, посебно јогуртот, потоа ориз, овошје и зеленчук, како и практикувајте да секојдневно да пиете свежо цедени сокови, посебно наутро. Сок од алое вера е одличен растителен тоник за летните денови кој помага во работата на слезината и го лади организмот. Бидете умерени со конзумирање на алкохол во летните денови, бидејки тој ја зголемува температурата на телото. На ист начин може да делува и премногу зачинетата храна, лутата, храна која е кисела, солена и масна храна. Ваквата храна го вознемирува организмот. Се препорачува да се јаде сезонско овошје и зеленчук колку што сакате и можете и да пиете многу вода.

Намирници за летните денови…
ГрашокНа мускулните влакна на срцето им е потребен магнезиум како би можеле да се соберат. Магнезиум има во сусамот, грашокот, јатковидните плодови, семките од тиква.

МесоЖелезото е многу важно кога станува збор за енергијата која му е потребна на организмот. Го има во црвеното месо, кобасиците, интегралниот леб, јатковидните плодови.

Морска риба е полна со јод, елемент кој е важен кога станува збор за борбата со вишокот на килограми. Два пати неделно треба да се јаде морска риба, а млечни производи секој ден.

Спанаќ како и секој зелен лиснат зеленчук, богат е со ниацин. Овој витамин е важна храна за мозокот. Го има во пилешкото месо, квасецот, цревата.

Грав како и грашокот и свинското месо, богат е со тиамин, витамин кој е неопходен за нервите. Значи, доколку сте нервозни, јадете намирници богати со овој витамин.

Лубеницата -содржи 92% вода и преставува кралица на летните овошја. Содржи многу антиоксиданси во себе и го рехидрира организмот  и чува од многу болести.

Краставива – содржи 97% вода, и е одличен рехидратор на телото. Јадете ја ладна и свежа, во салата или така, а можете и да направите сок од краставицата кој можете да го пиете во текот на денот.

Киви – овошје кое едноставно е здраво и корисно за целиот организам во текот на цела година. Кивите секогаш е вистински избор.

Домат – содржи 95% вода, но и многу антиоксиданси и други материи кои се од голема корист за телото. Јадете домати секаде и секогаш, доматите се вистински избор на летото.

Потоа јадете  јаболки, смокви, цреши, грозје, дињи, сливи, тиквички, пиперки, пченка, краставици, домати, зелка. Житарките обавезно влкучете ги во вашата летна исхрана, јадете јачмен, ориз, пченица, овез, свежа пченка. Употребувајте тофу сирење, соино млеко, јадете семки од тиква и сончоглед. Од зачини ставајте во јадењата свеж босилек, кориандер, кумин, копар, шафран, куркума. И пијте многу чаеви, посебно од камилица, хибискус, коприва и маточина.

Дневно летно мени…

Појадок – житни снегулгки со соино млеко или можете да ставите и кравјо млеко, а по 30 минути може да изедете една овошна салата.

Ручек – пченични крекери, намаз од зеленчук и мешана зеленчукова салата

Ужина – растителен чај

Вечера – варен наут, варен ориз и пропржен зеленчук по желба

Десерт – пудинг од ванила или ладен пченичен гриз со овошје

Пијалок – природен овошен сок разреден со еднаква количина на вода, ако ви треба посладок сок, засладете со мед.

Силвана Јованчева