Search for content, post, videos

ИМЕЛА во борба против туморите

Во католичките земји имелата е синоним за љубов и среќа во љубовта. Обичај е на Божик оние кои ќе се најдат под имела да се бакнат за да ги следи среќа во љубовта цела година. Покрај ова волшебство кое го има имелата во љубовта, имелата е многу лековита и корисна за здравјето на луѓето.

Имела е мала, многу разгранета и секогаш зелена грмушка, висока до еден метар, која како полу паразит живее на дрвјата. Од старите народни верувања може да се заклучи дека ова полупаразитско растение се сметало за лековито уште оттогаш, а  се препишувани и волшебни моќи на имелата. Келтските свештеници имелата ја почитивале како сеисцелителско растение, кое лекува се. Тие за време на свечениот ритуал ја сечеле имелата со златен срп и подоцна ја користеле за лекување на разни болести. Во старите времиња имелата ја користеле како лек против епилепсија. Интересно е што имелата има машки и женски цветови. Цвета од март до мај, а дава плодови од август до ноември. Плодот е округла, сочна бобинка полна со леплива маса. Во декември се берат плодовите и гранките од имела. Плодовите од имела се отровни, а лековити се листовите и стеблото-дршките на имелата.

Лековитите својства на имелата…- се пие чај од имела направен од една лажичка сушена имела се прелева со ¼  ладна вода и се остава да отстои една ноќ. Чајот се пие ладен. Имелата ја подобрува работата на целиот лимфен систем и помага во размената на материите во организмот. Ако ладен чај од имела вшмркаме во носот се стопира крварењето од нос. Имелата се смета за најдобро средство за срцевите тегоби, бидејќи содржи сосотојки кои го регулираат крвниот притисок. Дневното земање на три чаши чај од имела потопена во ладна вода ги лекува сите срцеви заболувања. Кај жените имелата има повеќекратна корист бидејќи го регулира крвотокот и менструалните тегоби, посебно кај силно крварење. Тегобите врзани со климаксот полесно поминуваат со чај од имела. Свеж сок од листовите и дршките на имелата се пие против стерилитет, и тоа по дваесет и пет капки пред доручек на гладно и исто толку капки сок од имела пред спиење.

Во борбата против туморите… Имелата уште во дамнешни времиња се користела како лековито средство. Уште старите Грци знаеле за нејзиното лековито делување, а во Северна Европа имелата се користи уште во ЏВИ век против различни тегоби. Користењето на имелата во терапија против туморите ја почнува д-р.Рудолф Штајнер во 1917 година. Најделотворни составни делови на имелата се: виско-токсини и лектини кои ги содржи во себе. Виско-токсините делуваат најнапред цитолитски односно помагаат во разградувањето на мембраната на туморните клетки и на тој начин ја разоруваат. Лектините пак делуваат поспоро на начин што го псречуваат растот на туморот и го доведуваат во состојба на мирување, што значи дека го јакнеат имунолошкиот систем.  Имелата расте на различни дрва како полу-паразит, бидејки на дрвото-домаќин му ги зема минералните соли и вода, но му ги става на располагање своите јагленохидрати богати со енергија, кои ги создава по пат на фотосинтеза. Интересен е фактот што за медицината секое дрво-домаќин на кое се сместила имелата има посебно значење, бидејќи екстарктите кои имелата ги зема од различните дрва различно делуваат  на туморите, полот и конституцијата. Така имелата од дрвата како јаболка и јасен имаат повисоки цито-токсични ефекти од имелата што се стационира на елките, боровите и другите зимзелени дрва, кои содржат поголема концентрација на виско-токсини кои делуваат токсички на туморните клетки. Имелата летен период содржи повеќе виско-токсини, додека во зима значително поголема содржина на лектини. Тоа е причината што имелата се бере два пати годишно, а потоа се мешаат и двете берби, за да оптимално се искористи делотворноста на имелата.

Имелата има корисно дејство на: Имунолошкиот систем – на општото зајакнување на одбрамбениот механизам, ја регулира топлината на телото, подобрување на состојбата на организмот и работоспособноста, подобрување на апетитот и сонот, ги ублажува болките кај туморите, ја поттикнува работата на коскената срж, подобра подносливост на хемотерапијата. Помага во подобрување на состојбата кај болните од карцином на грлото, јајниците, матката, дојките, дебелото црево и мочниот меур. Имелата се користи и како терапија за намалување на болките бидејки го стимулира излачувањето на ендофрин, кој овозможува подобро поднесување на болките, ги намалува и предизвикува чувство на среќа.  Терапијата на база на имела претежно се користи за зајакнување на имунолошкиот систен на организмот, но со претходни консултации на експерти.

Силвана Јованчева