Search for content, post, videos

Исправена пред летниот предизвик – убава и на +30

Многумина не можат да им одолеат на претсезонските цени и  ќе отпатуваа некаде на крајот од мај или во јуни, а другите, кои допрва ќе го користат летниот одмор, нека се подготват навреме. Освен костимите за капење и крпите како задолжителен дел од торбата за на плажа, е и несесерот со најнеопходните “женски” ситници. Од мејкапот и “оружјето” против целулитот (за жените), преку заштитното средство кое ќе придонесе за сонцето да ви стане сојузник, парфемот, до хидрантниот крем (и за мажите). Ако сакате да изгледате топ во кое било време, земете ги и асесоарите што ќе можете најлесно да ги комбинирате.
Тој и Таа на плажа
Без оглед на тоа дали летово ќе отпатувате некаде, барем една седмица, или одморот ќе го исцепкате на неколку пати по два-три дена, постојат работи без кои не смеете да тргнете. Костимите за капење и крпите се задолжителни, а освен аксесоарите што ќе можете да ги комбинирате со нив, немојте да го заборавите и несесерот во кој секогаш има место за тоа што ви е најпотребно. Повеќето жени не ни помислуваат да излезат без шминка, дури и на + триесет. Затоа мејкап артистите препорачуваат дискретно шминкање, заради негуван, природен ефект. Ставете шешир или очила за сонце, на колковите заврзете парео, облечете интересни влечки и… право на плажа, со торбата на рамо. Мажите, исто така, не треба да изгледаат запуштени иако е време за релаксација. Ако тој не се сеќава тогаш самата потсетете го да обрне малку внимание на себе. Освен средствата против целулит (ахилова петица кај жените), производите кои штитат од ултравиолетовите зраци на сонцето, парфемите и хидрантните креми не смеат да недостасуваат и во машките несесери. Другите ситници се индивидуални.

Летни подготовки
Експертите препорачуваат на плажа да одите подготвени…
– Аларм за бело
Ако имате изразено бел тен, а не сакате да се печете, неколку дена претходно лицето и телото намачкајте ги со крем за самопотемнување. Велат, многу е попрактичен и поздрав од солариумот, па дури и од сончањето. Неговите состојки не се впиваат во кожата, туку остануваат на површината, благодарение на безбојниот ДХА шеќер кој во допир со нејзините клетки оксидира и добива кафеава боја.
– “Пеколниот портокал”
“Портокаловата” кожа на стомакот, на бедрата и на задникот е слабата точка на многу жени што, пред летниот одмор, им станува опсесија. Тимот на универзитетскиот клинички центар во Шлезвиг-Холстеин, предводена од лекарот-специјалист Џон Клајн, докажа дека целулитот е, всушност, вид “локална” адипозност, односно дебелина која може да ги погоди и витките. Кога се говори за класичното “лекување” на дебелината и на целулитот, не е доволно поткожниот масен слој да се отстрани само од зафатениот дел бидејќи крвта може повторно да ги врати мастите. До саканиот успех се доаѓа кога набабреноста на поткожното сврзувачко ткиво ќе се претвори во “позитивна енергија” што ја обновува кожата. Затоа е неопходен долговремен, непрекинат третман со посебни препарати наменети за решавање на овој “проблем”.
– Нездраво “печење”
Доколку не сакате ултравиолетовите зраци од сонцето да ја оштетат вашата кожа, задолжително употребувајте средства за нејзина заштита. Иако А-зраците не предизвикуваат изгореници, нивните долги бранови можат да навлезат длабоко во кожата и да ја сменат бојата на внатрешниот слој. Истовремено може да се оштети сврзувачкото ткиво поради што се губи нејзиниот тонус, а резултатите од тоа се прерано стареење и појава на брчки. Новите истражувања покажуваат дека ракот на кожата кај возрасните во значителна мерка е поврзан со честото изложување на сонце и изгорениците во детството. Користете производи чиј заштитен фактор одговара на вашата кожа.
– Мирзливо тело
Освен што даваат енергија, “исполнуваат” и опуштаат, парфемите влијаат и на расположението, дури знаат и да го сменат. Патем ја дополнуваат убавината, и наутро и навечер. Намирисајте се пред да одите на плажа, не директно на кожата или на облеката. Поради алкохолот, може да предизвика чешање, а на гардеробата ќе останат дамки кои, пак, на сонце стануваат уште пожолти. Затоа прснете во воздухот и поминете низ “облакот”, И нема да минете незабележани, бидете сигурни. Парфемите буквално мамат, во позитивна смисла. Такви се и резултатите од истражувањата, и жените и мажите паѓаат на мирисите, а најмногу кога се опуштени, на одмор.
– Жедна кожа
Во лето, жештината и клима-уредите ја прават кожата жедна. Тие и ја одземаат влагата поради што станува помалку затегната и еластична. Почнува да се суши, да пука, се појавуваат брчки, го губи сјајот, а пополека и слабее и функцијата. Голем придонес имаат и синтетичката облека, секојдневниот стрес и неправилната исхрана. Сите тие фактори го менуваат составот на липидите во епидермисот. Затоа се намалува нејзината влажност. Новата генерација хидрантни креми се лековити, чија доза треба, според дерматолозите, да се зголеми во летните месеци. А притоа ја ладат кожата.