Search for content, post, videos

Каранфилче – Еден од најлековитите зачини на светот

Веројатно веќе сте го пробале вкусот на каранфилчето во топли зимски пијалоци или во благите домашни десерти, Но, сигурно сте го почувствувале и во пастите за заби или лосионите за тело, во миризливите парфеми. Тоа е каранфилчето, познато и под латинското име – Syzygium aromaticum. На латински се нарекува и clavus, што значи шајка, како што и е неговиот изглед. Каранфилчето е долго помеѓу 12 и 16 мм и е цветна пупка на дрвото каранфилче. Аромата му е топла, лута и ароматична, а вкусот е сладок и многу силен, поради што денес каранфилчето е еден од најпознатите зачини во светот и има навистина широка употреба. Тоа е и моќно лековито растение со докажано дејство против воспаление, болка, оксидација и рак. Мерки на претпазливост: Бремените и доилките не треба да користат каранфилче. Каранфилчето не треба да се користи две недели пред каква било операција.

Лековити својства на каранфилче – Иако е мало, каранфилчето е моќен лек за многу болести. Главна состојка на каранфилчето е еугенолот, чија главна карактеристика е антивоспалително дејство. Покрај тоа, содржи минерали калциум, железо, магнезиум, фосфор, цинк, бакар, манган и селен. Богат е со витамини Ц, Б6, Е, К, фолна киселина, тиамин, рибофлавин и ниацин. Конзумирањето каранфилче може да помогне при низа заболувања, внатрешни или надворешни. Како додаток во исхраната, овој зачин може да се користи цел, мелен или концентриран како масло. Големо е лековитото дејство на каранфилчето: лечи несоница, го регулира шеќерот во крвта, го смирува воспалението, ја ублажува болката, особено забоболката, ги уништува бактериите, отстранува гадење и повраќање, го стимулира лачењето на слуз, помага во функционирањето на црниот дроб, третира воспаление на усната шуплина и грлото.

Прва помош при забоболка и лош здив – Каранфилчето долго време се користи за отстранување на лошиот здив. Утврдено е дека има аналгетски својства и е особено ефикасно при забоболка. Во некои земји, стоматолозите го користат неговото масло за дезинфекција на забите пред операција, поради неговото силно антибактериско дејство. Целото каранфилче можете да го ставите на гума за џвакање, што е можно поблиску до болното место, до забот кој е проблематичен. Држете го одреден период на болното место. Тенката кожна мембрана на непцата лесно го апсорбира маслото од каранфилче и дава моментално олеснување, што наскоро ќе го почувствувате.

Уништува паразити и лоши бактерии – Каранфилчето делува како антимикробно средство, убивајќи ги паразитите и бактериите во дигестивниот тракт. Во соодветни дози ја ублажува и прекумерната надуеност и грчеви. Антипаразитното чистење со масло од каранфилче е еден од најефикасните методи за чистење на целиот организам, поради што е една од трите состојки на добро познатата антипаразитна програма. Ги убива сите микроскопски видови на протозои и јајца од паразити, кои не можат да се отстранат од телото со други средства.  Ефикасно е против многу видови габи, вклучувајќи кандида, како и стрептококни, стафилококни и пневмококни бактерии. Користете го во чај и други пијалоци, секојдневно, во мали дози, за благотворно да влијае на дигестијата и да го зајакне вашиот имунитет.

Природен афродизијак – Каранфилчето е добро познат природен афродизијак.     Пијте по две чаши чај од каранфилче секој ден или земајте две капсули каранфилче во прав два пати на ден. Направете чај од каранфилче на следниов начин: 2-3 чешниња прелијте ги со 2,5 dcl топла вода и оставете покриено 15 минути, да отстојат. После тоа, процедете го чајот и испијте го.

Ги раствора опасните згрутчувања на крвта – Научно е потврдено дека каранфилчето е меѓу најздравите зачини во светот поради неговите антиоксидантни својства. Исто така, постојат докази дека одредени соединенија во каранфилчето делуваат како антихистаминици. Тој е еден од најмоќните природни растворувачи за згрутчување на крвта. Данските истражувачи открија дека каранфилчето во растворање на згрутчување на крвта има посилен ефект од аспиринот, кој за многумина е дел од терапијата за лекување на висок крвен притисок и висок холестерол во крвта.

Го уништува ракот на дојката – Еугенолот, главното есенцијално масло во каранфилчето, убива над 91 процент од клетките на три типа на рак на дојка, покажа истражувањето спроведено во лабораториски услови. Неодамнешните истражувања ја потврдија неговата моќна активност против други видови на рак – простата, бели дробови, грло и кожа. Индија е една од земјите со најголема потрошувачка на каранфилче, па не случајно стапката на рак на дојка во таа земја е за 75 отсто помала отколку во Европа. Затоа, каранфилчето е многу здрав додаток на урамнотежена исхрана базирана на органско овошје и зеленчук.

Тинктура од каранфилче: Состојки: 20 грама каранфилче, 1 dcl 70 проценти алкохол. Крупно сомелете го каранфилчето, прелијте го со алкохолот и оставете во затворена тегла две недели. Процедете ја тинктурата и земете 2 до 4 капки, во чаша вода. Користете го за плакнење и гаргара на устата и грлото.

Руски пијалок против грип и болки во грлото – Научниците ја потврдија ефикасноста на овој руски народен напиток против настинки и болки во грлото.  Состојки: 2 dcl топла вода, 1 лажичка свеж рендан рен, 1 лажичка мелено каранфилче, 1 лажичка мед. Во чаша топла вода измешајте ги состојките и пијте по малку.

Лековито варено вино – Сварете 4 dcl црвено вино со 2 dcl вода. Додадете две каранфилчиња, парче ванила, три анасон, сув ѓумбир  и мед по желба. Овој топол напиток ќе ви го подигне имунитетот, ќе ви помогне при проблеми со варењето, ќе ве заштити од грип и настинки. Тестирајте го вашето каранфилче – За да го проверите квалитетот на каранфилчето ставете го во чаша вода. Ако плови вертикално, добро е – лебдењето е знак дека содржи квалитетни и лековити масла на кои им ја должи својата ефикасност и популарност. Доколку лебди хоризонтално или потоне во чаша, тоа е знак дека не треба да го користите.

Каранфилче во кулинарството – Освен што е незаменлив зачин за зимско варено вино, каранфилчето се користи за ароматизирање на многу слатки и солени јадења. Богато зачинети колачи, бисквити, пудинзи или слатки пецива, често во нивниот рецепт содржат каранфилче во комбинација со цимет, а понекогаш и ѓумбир. Каранфилчето одлично го комбинира вкусот на јаболката и крушите, па затоа се користи при подготовка на пити и колачи од јаболка и круши или овошни сосови и компоти. Бидејќи неговиот вкус е многу интензивен, потребно е да се дозира постепено и внимателно за време на готвењето. Целото каранфилче е вкусно во супи од грашок и грав или во тавче грав со чили, каде што нивната силна, лута миризлива карактеристика му дава убав вкус. Исто така, неколку цели каранфилчиња може да се втиснат во исчистената главица кромид и да се додадат во оризот при пржење. Каранфилчето го има во многу комбинации на зачини, на пр. во смеса за маринирање зеленчук или во мешавина од зачини за печење. Најдобро е да се купи немелено, бидејќи спакувано во прав брзо го губи вкусот, а неговите лековити својства се намалуваат. Целото каранфилче се препорачува да се конзумира во рок од една година, а сомелено во рок од шест месеци. Бидејќи има многу цврста структура, тешко се меле, па пожелно е да се меле во мелница за кафе. Се чува во затворени садови и се чува на суво и темно место.

С.Ј.