Search for content, post, videos

Леблебија – вкусното мало топче

Запознајте ја леблебијата, мешунките кои источните култури одамна ги препознаваат како многу вкусно и не помалку лековито растение. Леблебијата кај нас има многу имиња, позната е и како наут, цеци и солени гравчиња. Зад латинското име Cicer arietinum се крие скапоцено растение од семејството на грав, кај народот познато како леблебија – наут. Поволните ефекти и богатата хранлива вредност на леблебијата се познати на човештвото одамна, па многу археолошки локалитети покажуваат долга историја на користење на ова растение во исхраната. На локациите во Турција на остатоците од керамика од доцниот неолит, археолозите откриле дека во тоа време секаде се користела култивирана леблебија- наут. Заслужува големо внимание, меѓу другото и благодарение на тоа што има висока содржина на железо. Исто така, содржи многу калциум поврзан со протеини, кои овозможуваат негова апсорпција. Доколку во оброкот се додаде некоја житарка, тогаш таа ќе го содржи целосниот состав на потребните амино киселини. И овие карактеристики на леблебијата се многу важни за вегетаријанците. Студиите спроведени во последните години покажаа дека употребата во исхраната е корисна за намалување на нивото на холестерол во крвта. Некои истражувања дури покажаа дека листовите се корисни во исхраната, бидејќи покрај витамини имаат и значително количество важни минерали, па затоа одговараат на спанаќот и зелката. Содржината на калциум, магнезиум и калиум во листовите е поголема отколку во спанаќот и зелката, додека содржината на железо, цинк и бакар е приближно иста. Сто грама варена леблебија има 164 калории, 2,6 g масти и 8,9 g протеини. Содржи околу 50 мг калциум, што може да се спореди со количината на овој минерал кој се наоѓа во идентична количина на јогурт. Сушеното зрно на леблебија содржи околу 20% протеини, 53-63% јаглени хидрати, 4-5,5% растително масло, 3,3-5,5% целулоза и околу 3% минерали. Можеби звучи неверојатно, но е познато и како растение на кое се припишуваат дури и афродизијачки својства. Така, според арапски рецепт, во текот на зимата, пред спиење, треба да земете пијалок направен од мед во кој се мешаат кромидот во прав, леблебија и вода. Некои писатели и филозофи од 16 век верувале дека ова е вистина и советувале студентите и свештениците воопшто да не го консумираат ова „опасно“ растение. Најзастапена е во Медитеранот, западна Азија, Индија и Австралија. Таа е незаменлива состојка во рецептите на многу национални кујни, особено еврејската, индиската, либанската и филипинската. Се користи за подготовка на многу вкусни јадења, меѓу кои веројатно најпознати се хумусот и фалафелот. Младата леблебија содржи висока содржина на јаболкова и оксална киселина, која може да предизвика сериозни нарушувања во организмот. Затоа ги користиме само зрелите плодови! Во состојба е да го исчисти целото тело за 24 часа. Леблебијата е корисна и во борбата против дијабетесот. Истражувањата покажале дека дијабетичарите тип 1 кои често консумираат храна богата со растителни влакна имаат ниско ниво на гликоза, а дијабетичарите тип 2 можат да го подобрат нивото на шеќер во крвта, липидите и инсулинот. Експертите препорачуваат 21-25 g диетални влакна дневно за жени и 30-38 g за мажи. Го чува здравјето на коските – Железото, фосфатите, калциумот, магнезиумот, манганот, цинкот и витаминот К кои се наоѓаат во наутот придонесуваат за здравјето и јачината на коските. Сепак, треба да се биде внимателен кога станува збор за овие минерали бидејќи премногу фосфор и премалку калциум може да резултираат со слабеење на коските. Го намалува крвниот притисок – Една од најважните промени што треба да ги прифатите за да го намалите крвниот притисок е да јадете храна со ниска содржина на натриум, а тоа е токму леблебијата – наутот. Покрај тоа, има и калиум, кој е подеднакво важен за нормализирање на крвниот притисок. Јадете леблебија зошто е извонредно хранлив продукт, богат со железо, со многу витамини и цинк. Има многу убави закуски од леблебија. Во блендер ставете 300 гр. леблебија, 1 дл. маслиново масло, 3 чешниња лук, сок од половина лимон, сол, бибер, вода и малку кари. Сето ова изблендирајте и послужете како убава закуска намачкана на потпечен леб. По желба можете да додавате состојки кои вие ги сакате. Бидете креативни во подготовка на вкусни закуски со леблебија!

С.Ј.