Search for content, post, videos

Лубеница – кралицата на летните овошја

Лесна, освежителна и сочна. Благодарение на богатството од витамини и антиоксиданси во нејзиниот состав, кои го штитат организмот, лубеницата секако е здрав десерт и идеална состојка за секоја овошна салата. Таа е популарно летно овошје кое се конзумира во долгите топли денови. Покрај тоа што е многу освежувачка, таа е полна со витамини и хранливи материи. Лубеницата е егзотичен плод кој е многу здрав за нашиот организам, а јадењето лубеница има повеќекратни придобивки за нашето здравје: Одржува хидратација – лубеницата со средна големина содржи околу 92 % вода, па затоа е одлична опција кога станува збор за хидратација. Содржи есенцијални витамини – лубеницата содржи многу витамини кои му се потребни на нашето тело, вклучително и витамин А, Ц и Б6. Лубеницата содржи и магнезиум, кој помага во регулирање на работата на мускулите и нервите. Помага во управувањето со тежината – едно парче лубеница содржи околу 45 калории, што ја прави нискокалорична закуска. Високата содржина на вода во лубеницата исто така може да биде заситена и може да ви помогне да јадете помалку калории во целина. Студија која ги испитувала ефектите од консумирањето лубеница врз ситоста и телесната тежина кај дебелите возрасни луѓе, покажала дека оние кои консумирале по две парчиња лубеница дневно во текот на четири недели, се чувствувале помалку гладни и изгубиле значително поголема тежина од групата која консумирала нискокалорични колачиња.

Спречува болка во мускулите – лубеницата содржи Л-цитрулин, аминокиселина која помага да се намали болката во мускулите после вежбање. Л-цитрулинот ги шири крвните садови за да овозможи повеќе проток на крв во мускулите, што може да ја намали болката со подобрување на испораката на кислород за време на вежбањето. Претходните истражувања покажале дека учесниците кои пиеле обичен сок од лубеница или сок од лубеница измешан со цитруси имале помалку воспаление на мускулите после тренингот отколку група која пиела само пијалок со цитруси. Го намалува крвниот притисок – Бидејќи цитрулинот помага да се отворат и релаксираат крвните садови, може да го подобри протокот на крв и да го намали крвниот притисок. Правилното хидрирање може да помогне и во подобрување на крвниот притисок, со тоа што му помага на срцето поефикасно да пумпа крв во мускулите. Го подобрува варењето – влакната се важни за варењето на храната бидејќи додаваат волумен на столицата, што го олеснува празнењето. Иако лубеницата не содржи многу влакна, околу еден грам по парче, високата содржина на вода може да помогне да се подобри варењето на храната. Лубеницата се состои од дури 92 отсто вода, па затоа е идеална особено во летните месеци, кога многу се потиме. Покрај одличната хидратација и освежување, особено ако се јаде разладено, одлична е и за детоксикација на организмот. Ова овошје задоволува 20% од потребите на организмот за витамин Ц, како и 17% од потребата за витамин А. Содржи и витамини од Б-комплексот, како што се тиамин, пиридоксин и рибофлавин. Лубеницата е богата со цитрулин, аминокиселина која делува и како одличен диуретик, што значи дека го поттикнува мокрењето, а со тоа и го чисти организмот. Богата е и со аргинин, кој заедно со цитрулинот ја подобрува циркулацијата и спортските перформанси, па затоа сокот од лубеница е одличен за пиење пред поинтензивни физички активности. Со конзумирање на сок од лубеница, во организмот ќе внесете изобилство на диетални влакна, благодарение на што ќе ви се исчистат цревата. Ова овошје е одлично и за здравјето на бубрезите бидејќи содржи ниско ниво на натриум и високо ниво на калиум, минерал кој природно го намалува крвниот притисок. Благодарение на глутатион, лубеницата исто така добро ја поттикнува работата на вашиот црн дроб, најголемиот чистач на телото. Содржи и високо ниво на ликопен, кој ги штити клетките од оштетување, има антиинфламаторно дејство и е одлична за здравјето на простатата. Освен што ја поттикнува детоксикацијата на вашето тело, лубеницата е и нискокалорична – една шолја содржи само 46 калории, па затоа е одлична и за одржување на добра фигура, односно за губење на вишокот килограми.

Сок од лубеница – одличен за детоксикација – Иако најчесто се јаде на парчиња, од лубеница можете да подготвите и здрав сок кој ќе ви помогне да го прочистите телото. Бидејќи лубеницата е сочна и мека, се што ви треба е блендер, како и лимета и нане за дополнителна свежина. Доколку имате блендер со поголема моќност, слободно оставете ги и семките, исто така ќе се здробат и убаво ќе се изматат со сокот. Ако сакате чист сок без никакви траги од пулпа, можете да го процедите во густа цедалка. Бидејќи ова овошје, особено кога е доволно зрело, содржи природна сладост, не треба да додавате никаков засладувач во сокот. Состојки: 4 чаши лубеница исечкана на коцки, 2 супени лажици свежо исцеден сок од лимета, неколку листови нане. Подготовка: Во блендер изблендирајте ја лубеницата, сокот од лимета и нането. Овој сок можете да го чувате во фрижидер до 3 дена, но најдобро е веднаш да се испие кога сокот е свежо подготвен.  Послужете го со коцки мраз и парчиња лимета. По желба, лиметата можете да ја замените со лимон, кој е одличен извор на витамин Ц и е одличен за детоксикација, а листовите нане можете да ги замените со босилек. Тридневен пост со сок од лубеница – За одлична детоксикација на телото во лето, пробајте тридневен пост со сок од лубеница. За време на таков пост, сè што консумирате и влегува во вашето тело е свеж сок од ова сочно овошје. По само три дена, во кои телото ќе се одмори од конзумирање на друга храна, ќе забележите позитивни промени, како надворешно, така и внатрешно. Не само што вашата кожа и коса, благодарение на антиоксидансите, ќе изгледаат подобро и ќе блескаат, туку и самите ќе се чувствувате подобро. Вашето тело ќе се ресетира, вашите когнитивни способности ќе се подобрат, ќе промовирате губење на тежината и ќе го зголемите нивото на енергија и ќе ги намалите воспалителните процеси во телото. Искористете ги сите предности на ова летно овошје кое ви гарантира освежување, уживање во вкусот, но и одлична детоксикација на целиот организам!

С.Ј.