Search for content, post, videos

Луто црвено, но здраво!

Лутата чили пиперка е лек за многу болести. Ако доволно ја јадете, нема да ви треба никаков лек. Не сте ни свесни колку е тоа добро за здравјето на целиот организам. Чили, кајен пипер и феферони се лути пиперки од семејството Capsicum. Популарни се благодарение на зачинетиот вкус, кој е незаменлив дел од многу јадења и сосови. Својот лут вкус пиперките го должат на посебната состојка наречена капсаицин. Колку повеќе капсаицин содржи, толку е полута пиперката. Капсаицинот им дава на пиперките не само лутина, туку и посебни лековити својства поради кои можеме да ги класифицираме меѓу најздравите намирници во светот. Истражувањата покажаа дека лутите перики можат да го намалат ризикот од мозочен удар, срцев удар, но и да ги ублажат сите васкуларни проблеми.

Лековитите својства на лутите пиперки

Го активира растот на мускулите – Капсаицинот предизвикува зголемено лачење на хормонот адреналин. Кај здрава личност, кога се земаат 150 mg капсаицин еден час пред спортување, стапката на согорување на маснотии за време на тренингот значително се зголемува. Бидејќи оваа супстанца е во состојба да го стимулира производството на мускулни протеини, го активира растот на мускулната маса.

Ја подобрува функцијата на црниот дроб – Активната супстанција на лутата пиперка позитивно влијае на работата на клетките на црниот дроб со тоа што ја враќа нивната структура, но и го поттикнува исфрлањето на насобраните токсини. Го регулира крвниот притисок и мастите – Конзумирањето на зачини и зачинета храна ја намалува желбата за солена храна, па доаѓа до зголемено излачување на течности од телото, а со тоа и го намалува крвниот притисок. Со редовна употреба, можно е да се намали покачениот холестерол.

Го намалува ризикот од рак – Науката вели дека употребата на црвена пиперка може многу да го намали воспалението и да го заштити телото од тумори. Позитивен ефект врз нервниот систем – Капсаицинот делува како антиоксиданс во телото и помага да се спречи оштетување на мозочните неврони. Зголемена сила и издржливост – Долготрајната употреба на капсаицинот може значително да ја зголеми севкупната издржливост на организмот. Разградување на маснотии – Експериментот покажа дека консумирањето на оваа пиперка согорува голема количина на масти и го забрзува метаболизмот. Влијание врз цревната микрофлора – Лутата пиперка ја обновува слузницата и микрофлората на дигестивниот тракт со зголемување на бројот на добри бактерии кои имаат заштитни својства, ги намалува воспалителните процеси и го подобрува метаболизмот. Помагаат при дијабетес тип 2 – Редовното внесување чили лута пиперка може да спречи дијабетес тип 2. Студија покажува дека редовното внесување на чили ја намалува потребата на телото да лачи инсулин, кој го намалува нивото на шеќер во крвта после оброк. „Нахранете го“ вашиот имунитет – Светло црвената боја на чили пиперките сведочи за високата содржина на бета-каротин или про-витамин А. Само неколку лажички чили дневно му даваат на телото дополнителни дози на витамини Ц и А кои се важни за спречување на инфекции.

С.Ј.