Search for content, post, videos

МАГДАНОС – повеќе од зачин

Лековитите својства на магданосот – Магданосот е најпопуларниот зачин на светот кој може да се најде речиси во секој супермаркет и на сите зелени пазари во текот на целата година. Најубав е кога се бере од својата градина, меѓутоа доколку немаме, можеме да го набавиме насекаде. Има деликатесен и освежувачки вкус и прекрасни листови со јака зелена боја, поради што е незаменлив како зачин или декорација на јадењата. Толку сме навикнати на магданосот да го користиме во нашата исхрана и во приготвувањето на разните јадења, што често и не размислуваме за тоа дека магданосот не е само зачин, туку и билка која има високи нутритивни вредности и лековите својства.
Гранче магданос е повеќе од украс во вашата чинија. Магданосот содржио две групи на посебни состојки кои се многу битни за нашето здравје. Првата група на состојки ги содржи природните етерични масла, кои ги вклучува миристицин, лимонен, еугенол и алфа маслата. Другата група вклучува флавоноиди: апин, апигенин, крисоериол и лутеолин. Освен ова магданосот е одличен извор на витамин Ц, А и К.
Магданосот заштитува од рак – етеричните масла кои ги содржи во себе штитат од појава на рак, посебно од рак на белите дробови, што е потврдено во многу досегашни истражувања. Поради етеричните масла кои ги содржи има и хемо заштитен ефект односно го неутрализира хемиското дејство на некои супстанци кои можат да бидат многу опасни за нашето здравје, како што е канцерогениот бензопирен кој се наоѓа во цигарите. Магданосот е и богат извор на антиоксиданси поради флавоноидите кои ги содржи, посебно лутеолинот кој делува како антиоксиданс, се врзува со слободните радикали и на тој начин го спречува нивното Штетно делување на организмот. Во истражувањата се покажало дека екстракт од магданос го зголемува антиоксидацискиот капацитет на крвта.

Освен флавоноидите тој е и одличен извор на витамините Ц и А, посебно на каретоноидите и бета-каротенот, кои имаат важна функција во заштитата на нашиот организам од многу болести. Витаминот Ц има најразновидни функции, тој е главен антиоксиданс во нашето тело кој го неутрализира делувањето на опасните слободни радикали. Како што веќе е познато високата концентрација на слободни радикали поврзана е со цела низа на болести, вклучувајки го ракот, дијабетис, асмата, аретосклерозата. Исто така овој витамин има големи анти-воспалитени својства, поради што е одличен во лекувањето на сите видови артритис, многу битен за работата на нашиот имунолошки ситем заедно со бета каротенот.
Магданосот е многу битен и кај работата на срцето бидејки е добар извор на фолна киселина. Фолната киселина е битна за многу процеси кои се одвиваат во нашиот организам, но најмногу е позната по улогата која ја игра во заштита на кардиоваскуларниот систем. Фолната киселина помага во претворањето на хомоцистеин во добробитна молекула. Хомоцистеин потенцијално е опасна молекула која може директно да ги оштети крвните садови. Високото ниво на оваа молекула ја зголемува можноста од мозочен и срцев удар кај луѓе со артеросклероза и срвеви болести. Поради тоа се препорачува на луѓето кои патат од овие болести да консумираат храна богата со фолна киселина. Исто така магданосот и неговиоте состојки заштитуваат од реуматските болести.

– Свежиот магданос е подобар од сувиот. Ако морате да купите сув магданос, бирајте го оној кој е одгледуван во органска чиста средина.
– Бирајте магданос со листови со темно зелена боја, а избегнувајте ги гранчињата кои имаат жолтеникава боја или кои се овенати, тоа е знак дека се стари.
– Свежиот магданос можете да го чувате во фрижидер во пластична кеса.
– Ако имате поголема количина на свеж магданос можете лесно да го исушите, да го исечкате и оставите на кујнска крпа да се исуши убаво. Кога ќе се исуши чувајте го во добро затворена стаклена тегла на темно, ладно и суво место.
– Можете и да го замрзнете магданосот, така ќе го задржи вкусот, меѓутоа свежината ќе ја изгуби.
– Магданосот може да се користи во сите јадења како супи, алати, јадења од зеленчук, житарици, дури и со месо.
Ја имаме таа голема среќа што во нашата земја многу успешно расте квалитетен магданос, кој можеме да го користиме во секое време од годината.

Силвана Јованчева