Search for content, post, videos

Малина – лечи од болни мензиси и ги намалува килограмите

Малината  е зељесто растение од фамилијата на розата (ружата).  Се верува дека малината по потекло е  од јужна Азија и дека е толку многу стара  растителна култура што ја користеле како храна и ја  јаделе дури и пештерските луѓе. Во текот на многу векови малината покрај тоа што е употребувана  како многу сладок плод, таа е многу ценета и како лековито растение. Старите Грци и ја припишувале моќта на поттикнување на плодноста кај жените, па затоа ги користеле како нејзините плодови така и листовите од малина. Меѓутоа волшебниот и воодушевувачки вкус на малината е најзаслужен за незјиниот висок статус на  популарно овошје во светот.

Состав и лековитост на малината – Малината е богата со антиоксиданси, така што 100 грама од плодовите малина  даваат 44 % дневната пропорачана количина на витамин Ц. Создржи ресвератрол, кој го забавува стареењето на клетките, потоа има висок степен на елагична киселина, која делува антиканцерогено. Во составот на малината  има и растителни влакна, фолна киселина, витамин К, витамин Е5, манган, магнезиум, бакар, калиум и омега 3 масни киселини. Редовното користење на малината во исхраната го подобрува тенот на кожата, ја зајакнува косата, го подобрува варењето на храната, го подобрува кардиоваскуларниот систем, го зајакнива имунитетот и заштитува од разни воспаленија. Малината го намалува делувањето на слободните радикали во организмот и штити од рак на дебелото црево, градите, матката и простата. Фитонутриентите во малината го спречуваат ширењето на канцероцените клетки и ги поттикнуваат на апоптоза односно самоуништивање.

Спречува дебелење и дијабетис – Кетоните во малината се заслужни за контрола на гликозата во крвта и помагаат во спречување на дебелеењето и појава на дијабет. Кетоните го поттикнуваат метаболизмот на мастите, ги намалуваат масните наслаги и спречуваат болести поврзани со дебелината. Истражувањата покажале дека луѓето кои конзумирале храна со висок удел на маснотии, заедно со конзимација на малината не добивале толку на тежнина, од оние кои јаделе масна храна, а не јаделе малини. Со внесување на малината во организмот се активира хормонот адипонектин, од чиј Хормонот недостаток пата луѓето со дијабетид тип 2. Адипонектин ја враќа рамнотежата во крвта, го намалува ризикот од срцев напад и болестите кои се пропратни кај дијабетот од тип 2.

Најголем природен заштитен фактор –  маслото од семките на малината, посебно од чилеанската малина е многу добро за кожата, бидејќи содржи висок степен на омега 3 и омега 6 есенцијални масни киселини и витамин Е. Балгодарение на овие состојки одлично ја штити кожата од јакото сонце. Се проценува дека заштитниот фактор СПФ на ова масло е помеѓу 30 и 50, во зависност од условите како се одгледува малината. Ова масло може да се користи не само за заштита од сонце, туку и за третирање на брчките на кожата, на стриите, разни егземи, дерматитис и воопшто на сите воспалувања на кожата. Маслото е многу стабилно така што може да се нанесува самостојно или да се додава во други козметички препарати.

Лековитост на листовите од малина – плодовите на малината се навистина прекрасно вкусни и здрави, но лековитоста на листовите е многу поголема во однос на самите плодови на малината. Малината често пати ја нарекуваат и женско овошје бидејќи ги лекува тегобите со женските органи, како јајниците, матката иболните меннструации. Така, чајот од листовите на малината помага кај менструалните грчеви и болки, јаките крварења и појак исцедок од вагината. Чајот се пие во текот на целиот ден, а може да се користи и за време на бременост, но и после породувањето. Со редовното користење на чајот од листовите на малината за време на бременоста, доведува до јакнење на матката, помага при спречување на губење на плодот, помага за време на породувањето да нема проблеми и го спречува зголеменото крварење после породувањето. По породувањето пиењето на овој чај доведува до побрзо закрепнување на матката и го поттикнува создавањетона млекото. Со конзумирање на овој чај треба да се почне од третиот месец на бременост, да се пие две до три чаши чај дневно.  Се става  една лажица листови од малина се прелива со 300 мл. врела вода, се остава 5 минути да отстои и се пие топло.  Чајот не се препорачува само кај жени кои претхоно имале абортус. Чајот исто така се користи за зајакнување на непцата во усната шуплина, дезинфекција на крајниците,спречување на детски проливи и се користи за испирање на очите. Малината спречува дебелеење, помага кај регулирање на нивото на шеќер во крвта, го намалува делувањето на слободните радикали во организмот, ја штити кожата од штетните зраци на сонцето, ги смирува кожните проблеми, помага кај женските болести, го зајакнува имунитетот, штити од болести на срцето и крвните садови, ја намалува високата температура. Оцет од малини за намалување на телесната температура е многу делотворно срдство. Се мешаат едно литро природен јаболков оцет со 500 грама изгмечени малини, се остава десет дена на топло место и потоа се процедува и чува во стаклен сад. Во случај на грозница и високат температура, разредете две лажици оцет од малини во една чаша вода и пијте неколку пати на ден. Ова многу помага во намалувањето на телесната температура.

Малината во кулинарството – сезоната на малините е одлична за подготвување на одлични десерти од малини, иако најубаво е кога малината ја јадеме свежа и сочна. Од малината може да се подготват многу мармалади, сокови, сладоледи, слатки колачи и слатки сосови и преливи.  Свежите малини употребувајте ги во рок од два дена откако ќе ги наберете и чувајте ги во ладилник. Малините можете да ги исушите и користите како суво овошје, но и да ги замрзнете и да ги подготвувате кога ке ви затребаат. Шејк од малини- 60 грама малини, 1 чаша сок од портокал, една рака спанаќ, 1 банана, 60 грама мраз. Сите овие состојки ставете ги во блендер, измиксирајте убаво и уживајте во овој летен освежувачки напиток.

Уживајте секогаш кога ке имате шанса со прекрасно волшебниот вкус на малината.

Силвана Јованчева